Saturday, July 3, 2010

Против Уставот


Против Уставот
Хамди Нухију

Политиката е уметност! Но, таа, не и припаѓа на тие што манипулират преку неа. Не е достојна ниту самата себеси да се брани. Човечноста и дава интегритет на политиката, но политиката не може да ја цивилизира човечноста.
На терен дојдоа многу манипуланти што со поимот политика подразбират проститутка или просто речено форма на деликвенција. Логиката сите против сите е толку неполитична како камилата да влегла во цивилизирано општество на место на текнологијата.
Во Република Македонија политиката не се разбира како дел од системот преку кој се реализират права и обрски на сите граѓани на ова земја. Туку како привилегија и форма на инфлуенцирање. Не може никогаш политиката да биде против Уставот. Уставот го создават сите за да биде најголемиот акт на рамноправно дејствување и живеење во една земја.
Уставно е да протестираш против една Влада. Исто така може да биде уставно и да се радуваш на некој успех преку јавен собир. Ако ја гледаме демократијата како целина во овој свет, тогаш многу лесно ќе манипулираме со и преку политика. На пример, ќе кажеме дека тоа се случува во Германија, во Франција а зошто не може да се случи и кај нас. Не може да се случи кај нас затоа што не сме ниту Германија, ниту Франција ниту имаме демократска земја. Како можеме да констатираме дека сме демократска земја кога само еден народ се привилегира, само еден народ добива бенифиции, а сите други народи што се дел од ова мала држава како право имаат само да плаќат сметки за со тие пари да градиме Цркви, споменици на само еден народ, да градиме историја за само едниот дел од државата.
Проблемите што се создават во ова држава секогаш треба да бидат насочени само кон албанците а не кај тие што почна да ја проблематизират ова држава.
Медиумите ги бројат сите дупки на улици во Струга, ги рекламират сите проблеми што се случуват во Тетово, ги покажуват сите расправи помеѓу албанските парти, но нема ниту еден проблем во Гевгелија, во Скопје, во Струмица, во Битоло, во Охрид и така натаму. Ако од овој дел ни доаѓат информации, тие се само во делот на инвестициите.
Сите овие работи се против уставни. Според Уставот на Р.М. ние сме рамноправни. Но Уставниот Суд како неуставен го класивикуваше проектот Скопје-2014, законот за верско учење во училиштата, законот за стимулирање на наталитетот во Македонија и тнт.
Законот за верско учење е редефиниран и се очекува пак да се имплементира во Република Македонија. Исто така и законот за стимулирање на наталитетот во Македонија кој беше неправден кон сите етнички заедици во Република Македонија е редефиниран. Но одлуката на Уставниот Суд за проектот Скопје-2014 година не се почитува од страна на Владата на Република Македонија.
Ако сакаме да гледаме како се руши една држава тогаш да почнеме да работиме против Уставот со сите наши капацитети.
Мислима дека нашите политичари се многу егоистични кои мислат само за себе а не и за интересите на граѓаните на ова земја. Нема логика да бидеш премиер на Влада, да работиш против уставно и тоа јавно да ја понижуваш судската одлука на Уставниот Суд а да не бидеш егоист.
Јунус Емре вели " Јунус ослободи се од своето его...".
Сигурен сум дека Никола Груевски ќе работи според Уставот само кога ќе стигне до ефект на зголемен рејтинг. Тогаш ќе се предомисли, ќе и најде мани на опозицијата, и пак ќе работи според Уставот на Република Македонија.
Со ова многу проста тактика сите граѓани на ова земја веќе сме запознаени.
Се надеваме дека веќе нема да бидеме манипулирани од нашите политички претставници. Само надежта ни остана!

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...