Tuesday, August 8, 2023

Невработеноста, гревот на жените со мали деца


Хамди Нухију

 

ВОВЕД

 

Дваесет и први век! Македонија, земја среде Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се влеваат сите цивилизации. Дали можеме да претпоставиме дека во дваесет и први век, во Северна Македонија, конкретно во Куманово, жени, мајки со мали деца нема да бидат примени на работа само затоа што имат деца на возраст од 1 до 3 години?

Ако ги гледаме податоците на пазарот на трудот, можеме да разбереме дека има многу нееднакво распроделување на работата помеѓу мажите и жените.

Според последните податоци коишто за жал се дури од 2014 година, вкупниот број на вработени мажи во нашата земја е 501.788 лица, додека жени се 214.286.[1]

Според овие податоци се гледа многу јасно начинот на кој се третира жената во пазарот на трудот.

Светот е во еден економски и финансиски неред, во минатото но и во денешницата. Не се знае скоро ништо за економската иднина на едно семејство. Сите традиционални вредности се ставени под знак прашање. Сите овие нереди и проблеми се произведени од таканаречената Демократија без граници којашто е немилосна. Во такви услови и позицијата на жената уште подлабоко се влошува.

 Жак Атали (1995) во статијата со наслов Демократијата без граници, објавена во научното списание Маргина бр. 21 многу длабоко го анализирал човековата состојба во околности на економски и финансиски неред на светско ниво:

Денес живееме во двоен, имено, во економски и финансиски неред на светско ниво, кој е мошне тежок затоа што е и длабок и структурно условен. Последично е поврзан со фактот дека светот веќе дваесет години живее на кредит. Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал. (Атали: стр.5)

 Во Бриф за политиките бр. 40 се објавува една студија со наслов Мажите и жените на пазарот на труд (не)еднакво учество и третман – каде што меѓу другото се појаснува и овој третман на жените во македонскиот пазар:

Дека македонскиот пазар на труд се соочува со родова нееднаквост, е нотирано во Извештајот на ЕУ за напредокот на земјава за 2019 година, според кој родовиот јаз на пазарот на труд е значаен, при што околу 78% од мажите учествуваат на пазарот на труд, споредено со 52% од жените, со мала промена во последните 5 години. Според Графикон 1, стапката на вработеност кај жените (35,8%) е многу пониска од таа кај мажите (54,4%), додека само 44,6% од работоспособните жени во земјава се активни, за разлика од 69,2% од мажите. Единствено, жените се во поповолна состојба во однос на стапката на невработеност, со оглед што таа е за 1,4 процентни поени пониска во однос на невработеноста на мажите. (Бриф за политиките бр. 40, с. 2)

Од друга страна, според последните истражувања, поврзано со влијанието на пандемијата Ковид 19, во аспект на вработувањето и невработувањето, најпогодените се жените со деца од предшколска возраст.

Во Бриф за политиките бр. 50 се објавува една студија со наслов Дали мерките за вработување обезбедуваат еднаков пристап на мажи и жени? – каде што меѓу другото се појаснува начинот како пандемијата ги погодило вработените жени:

Жените се една од најпогодените групи од пандемијата, според неколку аспекти. Прво, најголем дел од вработените во првите редови во борбата со пандемијата (медицински персонал, фармацевти, вработени во супермаркет и сл.) се жени. Второ, за време на кризата се зголеми нивната неплатена работа во домот, заради зголемениот обем на работа, грижата за децата и / или постарите членови во семејството. Според UN Women, владината мерка за платено отсуство на еден родител на деца до 10 години ја користеа главно мажени жени од урбани средини или самохрани мајки. (Бриф за политиките бр. 50, с. 2)

 М-р Мирјана Бајрактарова (2019), магистер по економски науки, во една студија со наслов Правата на жената, појаснува многу добро од каде почнува нееднаквиот третман кон жените во сите сфери на животот:

Нееднаквиот третман на мажите и жените има многу долга традиција. Цивилизацијата на новиот век притоа не е исклучок, декларациите за човекови права од 1776 и 1789 година како и претставите за човекот како зрел политички субјект, како што биле формулирани во просветителството, систематски ги исклучиле жените. Човековите права важеле само за мажите. Политичките и граѓанските права морале со мака да бидат изборени од организациите на жени. (Бајрактарова, 2019: с. 3)

За целта на овој труд и за да се провери тезата дали жените со помали деца се во понеповолна состојба при вработување во маркетите во Скопје и Куманово беше спроведено емпириско квалитативно истражување од помал обем.

 

Кратко истражување на проблемот на вработувањето на жените во Куманово

 

Ова кратко истражување е реализирано помеѓу месеците ноември-декември 2021 и месец јануари 2022 година. Беа спроведени интервјуа со 5 мајки Албанки кои што се соочени со овој проблем. Тие имаат деца од 1 до 3 години, и како што покажуваат податоците од истражувањето подоле прикажани, востановена дискриминација кон овие жени од големите маркети во Куманово.

 

  1. Што ве принудило да побарате работа?

 

Поголемиот дел од интервјурираните жени, одговориле дека недостатокот на средствата за живеење ги принудело да побараат работа. Или три од петте жени. Според нив, животниот стандард се променило во многу лоша насока, и не може да се исполнуваат дневните потреби без нивен работен ангажман.

Поскапувањата на цените на струја и прехрамбени работи се една причина што тие не можат да постигнуваат да ги исполнуваат економските потреби. Исто така и здраствениот систем за нив е проблематичен и здравствените потребите за нивните мали деца, тие не можат да ги реализираат беспрекорно, затоа и понекогаш барале помош и од другите членови од поширокото семејство.

Исто така и начинот на кој што размислуваат другите членови на семејството коишто се печалбари, за да не им помагаат за секојдневните потреби од финансиски карактер, тие одлучиле да превземаат ваков чекор.

Двете од жените одговориле дека нивните мажи биле вработени, но во време на пандемијата Ковид 19, тие останале без работа, и морале да најдат решение на ваков начин.

Петте жени се со високо образование и нивната возраст се движи од 25 до 29 години.

 

  1. Дали сте ги исполниле условите побарани за вработување?

 

Петте жени одговориле дека ги исполнувале сите услови побарани за вработување. Поради тоа тие се пријавиле за работа во големите маркети во градот Куманово.

Тие имаат завршено високо образование, трите од нив се со верско убедување и носат шамија. Тие имаат завршено студиите во општествени науки од кои три од нив се со економски факултет, додека две имаат завршено правни науки. Тие се пријавиле да работат како продавачки во маркетите.

  1. Зошто не сте примени во работа, која е официјалната причина?

 

Петте жени одговориле дека тие не биле примени на работа, и официјалната причина која што им била дадена е дека не ги исполнуваат условите побарани од работодавачите. Но, неофицијално како причина за невработување го споменуваат фактот дека тие имаат деца од 1 до 3 години. Кога биле на интервју за работа тие биле прашани за брачниот статус и за децата и за нивната возраст.

Зошто е тоа така? При анализата на маркетите и на вработените жени се покажа дека поголемиот дел од жените што веќе работат во тие маркети се со деца или без деца, но сите од нив што работаат во тие маркети имаат деца поголеми од 7 години или сè уште се без деца.

Според интервјурираните жени, верското убедување не е причина за нивното невработување, затоа што во тие маркети веќе имаа други работнички што носат шамија. Според нив, единствениот услов којшто не го исполниле е фактот дека имаат мали деца од 1 до 3 години.

 

  1. Дали сте барале помош против дискриминација од некоја државна институција?

Петте жени одговориле дека не веруваат во државните институции, затоа иако имаат завршено високо образование ниту побарале работа во некоја државна институција. Тие се чувствуваат дискриминирани од државата по етничка, верска и политичка припадност, поради тоа тие не побарале од државата правда за нив во приватниот сектор.

Според нив, не може да се постигне правда во вакви услови и затоа за овој проблем ниту барале и ниту сакаат да побараат правда од државните институции.

 

  1. Дали гледате перспектива за вашите деца во Куманово?

 

Петте жени одговориле слично. Тие се бореле за да останат во Куманово, и затоа се принудени да побарат работа во приватниот сектор за да не ја напуштат земјата. Но, од нивното лошо искуство тие се одлучилеле да ја напуштат земјата.

Тие не гледаат перспектива за нивните деца, но и за нив во Куманово и општо во Северна Македонија. Затоа, и четири сопрузи на овие жени веќе чекаат за термин во Германската Амбасада во Скопје. Додека еден маж од нив, почнал да работи на црно во Австрија.

 

ЗАКЛУЧОК

 

Ова кратко емпириско квалитативно истражување нѝ дава една лоша слика за состојбата на младите жени во Куманово, но и во Република Северна Македонија. Претпоставката е дека дека ако се прошири ова истражување ќе се најдат слични примери од други жени од другите етнички заедници кои што имаат вакви проблеми при вработување. Луѓето велат дека мажите имаат проблеми да се вработуваат во Куманово, но и во Македонија, а жените уште повеќе. Но, размислувањата не треба да одат во оваа насока.

Куманово е еден град со голем број печалбари од сите етнички заедници. До скоро беше и имател на работници во Авганистан и земјите во Блискиот Исток. За жал, можам да констатирам дека овој град е експериментален во лоша смисла на зборот. И во вакви услови е многу тешко да се постигнуваат правата на жените за рамноправно вработување.

Иако во минатото Куманово беше индустриски град, денеска не може да се даде таква квалификација. Во последните години бројот на угостителските објекти, но и големите маркети и продавници се зголемува и постои потреба од работна сила, но државните институции не смеат да толерираат ваква дискриминација кон жените со мали деца, доколку сакаат да размислуваат за идните генерации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Користена литература :

 

1. Бајрактарова Мирјана, Правата на жената, Скопје, 2019

2. А.Ж. (1995), Демократија без граници, Маргина, број 21, стр.5-11.

Извори од интернет:

1. Вработени и нето плати, 10 2014, види во https://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikacija.aspx?id=50

2. Бриф за политиките бр. 40, види во https://www.financethink.mk/brifovi/

3. Бриф за политиките бр. 50, види во https://www.financethink.mk/wp-content/uploads/2021/09/PolicyBrief_no.51.pdf



[1] Вработени и нето плати, 10 2014, види во https://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikacija.aspx?id=50

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...