Monday, June 11, 2018

Каков човек треба да бидеш за да протестираш против деца со посебни потреби?!!!


Хамди Нухију

Денеска Македонија се тресеше од веста за жителите на Тимјаник, Неготино кои што гласно протестира против изградбата на една градинка за децата со посебни потреби.

Целата јавност во Македонија и надвор од Македонија се тресеше од ова вест, од овој вандален чин-протест од луѓе од една држава што се прокламира како социјална држава.
Македонија во сите прописи се пропишува и се препознава себеси како социјална држава која што се грижи за граѓаните од најранливите категори.
Неготинци, дали сте свесни против кого денеска сте протестирале? Таа градинка и да беше изградена на нелегален начин, вие денеска ја покажавте лицето од које сигурно се срамаат сите македонци, албанци, турци, и други што живеат во Република Македонија. Се срамат од овој срамен протест што ги урна сите надежи за подобрување и за нов живот во Македонија.
Не може да изградиме нов живот во Македонија со луѓе што немат совест, ниту грижа за децата со посебни потреби.
Неготинци , дали знаете дека има нешто што е надполитичко и надверско, а тоа е човечноста која што излегува на површина кога се во прашање ваквите социјални категори? Какво општество градиме во Македонија кога внатре има луѓе што за неразбирливи цели протестираат против деца? Да не зборуваме за концептот соживот, меѓуетнички релаксирани односи и европска перспектива. И да ве ставаме сами да живеете во Македонија, јас сум сигурен дека со вакви протести таа општество нема да има добра иднина.
Видеото од протестите вирално денеска беше споделуван во социјалните медиуми. Коментарите беа негативни, Македонија ја враќа сликата на големите диктатори ви Балканот, Слободан Милошевиќ и Енвер Хоџа. Само на нив може да им се препишуваат вакви скандалозни активности. Само на нивната идеологија личеше денеска тоа што се случуваше денеска во Неготино. Сами нивни преврзаници можаат да бидат тие што на ваков начин ја злоупотребуваат граѓанското право за протест.
Македонија се повеќе е попразна заради неперспективата и социјалната неправда од која што најмогу патат младите. Нашата енергија и нашите сили треба да ги употребуваме во подобрувањето на околностите за младите да не ни избегаат, а не во протести против деца со посебни потреби.
Каква вина имаат тие мали дечиња што Господ ги ставал кај нај за да се грижиме за нив и за нашата иднина?
Децата, без разлика на етничка и религиска припадност се гаранција за постоењето на Република Македонија. Без нив ќе ја изгубиме државата. Без нив ќе ја изгубиме човечноста и ќе се претвориме во монструми.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...