Friday, August 27, 2021

Дали Димитриевски може да победи сам во Куманово?!

 Хамди Нухију

Последните случувања во политичката сцена во општина Куманово се многу интересни за јавноста. Актуелниот градоначалник и самопрогласениот татко на градот, Максим Димитриевски на денот кога требаше да се промовираат новите имиња на кандидатите за градоначалници од страната на СДСМ, еден ден после, тој, ги печати сите озборувања за неговото независно кандидирање за втор мандат. Димитриевски на прес конференција посочи дека ги собираше сите потребни потписи само за три часа, како независен кандидат во трката за првиот човек на Куманово.

Иако претходно имаше озборувања во медиумите и во јавноста за раздор во огранокот на СДСМ во Куманово, каде што членството и органите на партијата не го сакат актуелниот градоначалник на Куманово, во рејтинзите за локалните избори кои што треба да се одржаат во 17 октомври, Максим Димитриевски стои уште високо.

Во јавноста се перцепира идејата дека Куманово е град на СДСМ. И во времето на Никола Груевски каде што сите власти беа на негови раце, Куманово беше град со кој управуваше СДСМ.

Во книгата Тотем и табу, Сигмунд Фројд вели :” Сега знаеме зошто треба да се чуваме од властите: тие се означени со една магична и мистериозна моќ која што преку допреното се поставуваат како електрична енергија и креираат смрт за секој кој што не е чуван од таа електрична енергија “. Теоријата на Фројд е критикувана од Ерих Фром, но тоа што со сигурност го знаеме е креирањето на табуто или митот за Куманово. Исто како што го опишува Фројд табуто, табу е да се помисли дека Куманово ќе може да биде град кој што ќе биде управуван од друга политичка сила освен СДСМ.

Во последните локални избори кои што се одржа во 2017 година, се знаеше рејтингот на Зоран Дамјановски од СДСМ, но од ова партија одлучува да влегуваат во трка со Максим Димитриевски и убедливо на првиот круг да ги победуваат изборите. На ваков начин се креираше едно табу во општина Куманово, било каков кандидат да избераат од СДСМ тој ќе ги победува изборите.

Но, 2021 година може да ни ги прекрши сите математики и табуа!

Како прво, рејтингот на Максим Димитриевски е многу голем не само кај македонците туку и кај голем дел на албански гласачи, и тој се прогласи за независен кандидат за разлика од Зоран Дамјановски кој што не излегуваше јавно против матичната партија.

Како второ, сите актуелни кандидати на СДСМ кој што се во партиската трка немаат добри релации со сите етнички заедници во општина Куманово, што е проблем за локалните избори.

Како трето, опозицискиот блок сега и официјално соработуваат за локалните избори, и на ваков начин многу математики кој што пред да излезе во прес конференција Максим Димитриевски, што беа јасни, сега се многу нејасни.

Една што е јасно од целата ова политичка приказна во општина Куманово, е дека ќе имаме втор круг. Дали во вториот круг ќе биде Максим Димитриевски или некој кандидат од СДСМ со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа не се знае!

 

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...