Friday, June 25, 2010

Етничките заедници не се препознаваат во Скопје 2014

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C65329F01D38DE428C441DCD9DD00190

Етничките заедници не се препознаваат во Скопје 2014
Хамди Нухију, читател

Секогаш кога одам во главниот град на Македонија, си мислам како може овој град да биде толку недоверлив за сите граѓани на ова земја. Толку многу не мразат другите, па и самите себеси сакаме да се мразиме. Помеѓу мразењето и сакањето секогаш постои еден голем ендек што ги поделува луѓето по верска и етничка припадност.


Кога се мразиме сами себеси, не можеме да бараме од други да не сакаат. Никогаш не помислив дека еден визионерски план би ме отцепил од мојата држава како да сум граѓанин што не постои во ова земја. Нема ниту една трага од мојата етничка припадност, култура и вера што би ме правел горд со планот на Груевски. Едноставно, не сум дел од овој урбанистички план што се вика „Скопје 2014“, иако како граѓанин на ова држава учествувам во финансирањето на овој многу важен проект. Дел од овој план не се ниту Ромите, ниту Турците, ниту другите луѓе што живеат во ова земја, која е наш заеднички дом.

Сакаме или не, Македонија е мултиетничка држава која треба да ја гради својата иднина под оваа основа, а не да прави дискриминација на сите етнички и верски заедници. Кога се употребуваат финансиските средства на сите граѓани на ова земја, треба да се внимава каде одат тие пари.

Градот Скопје треба да има нова архитектонска форма, но и да внимава на минатото за да не се допре. Ако се допре минатото за да се стигне до иднината, тогаш се закопавме сами себе и нема да тргнеме напред. Да градиме иднина преку минатото што не' поделува како граѓани на ова земја, мислам дека пак ќе губиме време и пари, но до посаканото нема да стигнеме. Од ова визија за главниот град на Македонија ќе профитираат само тие што се блиски со партијата на Груевски, а пред се' многу ќе изгуби македонскиот народ кој на тој начин ќе гради иднина без своите сограѓани. Да градиш иднина по овој неправеден пат, значи да ја закопаш својата иднина. Ова сигурно не го сака никој во ова земја, ниту Македонците, ниту Албанците, ниту другите етнички заедници.

Ако фараоните работеле спротивно на интересите на своите граѓани, тогаш и нашата Влада мисли спротивно на интересите на ова држава. Помеѓу обичните луѓе секогаш постоела хармонија и соживот, се' додека не влезе политиката и не' раздели по сите можни основи.

Уметникот создава, но тој не може да излезе од идеолошкиот фронт што се бара од политиката. Кога политиката чепнува по уметноста, објектот добива форма на дволично одликување, и претставува иднина, сегашност или минато на човекот.

Реалноста на Република Македонија е мултиетничкото и мултикултурното општество. Затоа да градиме иднина, инспирирани од сегашноста и реалноста на нашата земја.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...