Friday, June 25, 2010

Живот во картон или картон во живот

Живот во картон или картон во живот
Хамди Нухију, публицист
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1044F4C08741C84CA0D3FAB55145FB8A

Секоја година во ова земја нема промена во подобрена насока. Единствената новост е покачувањето на цената на електричната енергија и се потежок живот на сите граѓани на ова земја.

Владата нема ни еден пристап кон подобрувањето на стандардниот живот на граѓаните на ова земја. Некој може да помисли дека блефирам кога истакнувам ваков притстап кон проблемите на граѓаните од страна на ова влада.
Нерешениот проблем со Грција во врска со името, Македонија ја враќа назад. Иако има позитивни чекори од двете страни за решавање на овој многу важен проблем, проблемот сеуште и стои на врата на двете соседски земји.
Ако Грција попушти тогаш мора да имплементира парламентарна демократија во својата земја. Проблемот со името помеѓу овие две земји е алиби на нерешавањето на македонското, албанското и турското прашање во Грција. Но надворешната дипломатија на големите сили со зајакнувањето на Турција во регионот, го притисна Грција и Македонија за решавање на овој спор. Новиот рок за излез од овој проблем е ноември 2010 година. Последните изјави на премиерот Груевски на многу арогантен начин посочуват кон еден пат, без среќен крај. Тој рече дека треба да работиме за НАТО и УЕ без да гледаме на дати и рокови за решавање на проблеми.
Во основа тој има право, и ако се работи според тоа што го рече, можеме да стигнеме до поволна позиција. Но од реченото до реализирањето постојат многу тешки работи.
Мислам дека Владата на Груевски се подготвува за предвремени парламентарни избори и затоа мора да го сработи својот паднат рејтинг. Иако според последните анкети тој (Груевски) сеуште води, но за разлика од 2006 година рејтингот драстично и падна.
Животот на обичните луѓе е во картон, но картонот на среќата никако да поживее.
Во овие денови и години, како крал може да живее само сервилизмот кон партијата, но не и меритокрацијата, не и демократијата. Како држава сме ориентирани кон цивилизираното општество со бедуински менталитет.
Сакаме да бидиме дел од европското семејство со ниту еден пополнет критериум. Основа за демократското општество е почитување на човековите права. За жал сите ние знаеме колку се почитуват човековите права на Република Македонија. Монтирани политички проблеми, корупциски афери, инвестирање на неправден пат, итн.... се само дел од големиот колач што ни го сервира секој ден на маса ова Влада.
Иако начинот на комуницирање Влада-народ е многу подобар во споредба со другите Влади во ова земја, пак не можеме да ја пофалиме ова Влада за успеси. Ако некои историски работи ни се случија овие години, како визната либерализација, тое повеќе е желба и потреба од Европската Унија за македонските туристи отколку стратешко дејствување кон овој проблем од ова Влада.
Според Фетулах Гулен човекот од каузата( големата идеја) не ги менува своите ставови ниту кога е во победа ниту кога е во загуба.
Ако голема идеја или кауза за ова држава е постигнувањето на рамноправно членство во НАТО и ЕУ, со многу помалку последици во врска со спорот со Грција, тогаш од менувањето на ставовите на ова Влада не можеме да констатираме дека идеал за ова Влада се НАТО, ЕУ и Западната Цивилизација.
Ако сакаме картонот на среќата да ни живее, тогаш што побрзу мора да се приклучиме во НАТО и ЕУ.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...