Thursday, July 15, 2010

Осамени како Робинзо Крузо


Осамени како Робинзо Крузо
Хамди Нухију

Македонија станува се поосамено од другиот дел од светот. Сите чекори што треба да ги направиме напред кон Европската Унија ние како бумеранг се враќаме назад кај нашето минато.
За сите препреки бараме еден виновник надвор од нас.
Никогаш виновникот не го бараме внатре. Чекаме Ерван Фуере да даде изјави за нашиот скептицизам или не скептицизам, но никогаш не преземаме мерки сами себеси да анализираме колку сме спремни како Македонија за Европа.
Секој ден ги читаме, слушаме истите работи! Ништо не се менува во подобрена насока.
Со отворањето на границите од Европската Унија за граѓаните на нашата татковина, новост е само големиот број млади кој зема на преглед кучиња.
Ако ги гледаме работите црно-бело можеме да сфатиме многу нешта.
Грција е на економска криза ,и ова криза и овозможува на едниот дел од Македонија да профитира од грчките граѓани. Уставниот суд конечно како неуставен го класивикуваше и учењето на македонскиот јазик по задолжиделен пат од прво оделение за сите граѓани на Република Македонија.
Политичката доктрина во Македонија не може да профитира од надворешните поволности за внатрешно цврстување.
Ние сме мала земја, и со ова ганитура на дипломати сме многу надвор од светските трендови. Некои може да мисли дека јам сум осамен од Македонија и од светот а не ова земја која по први пат презема значително место во Европските Конвенци и Комиси. Тие, големите оптимисти кои гледат од диоптриите на егоистичната политика, ќе кажат дека во Македонија се случуват важни конверенци како она на меѓу религиски односи на светски рамки, она на Здружението на Ромите во Европа, кога имаме предвид дека ова Влада има едно министерство без ресор кој и е доделен на ромите во Македонија и во Европа според работие што се случија овие години.
Дали ова ориентација не прави една јака земја со цврста надворешна политика, или ова е само еден политички флерт кон нашиот сосед Грција со кого имаме еден проблем, и ние треба да попуштиме токму заради приликите што ги добиваме надвор со инсистирање на грчката дипломатија?
Мевлана Џелалудин Руми вели, пред да читаме книги, треба да го читаме самиот себеси.
Значи дека пред да гледаме надвор треба да гледаме внатре, пред да бидеме дел од една голема идеја за човештвото треба самото наше општество да ја цивилизираме со горда политика, цврста економија и стабилни меѓуетнички односи.
Ниту една од овие компоненти ги немаме а очекуваме да преземаме мерки за решавање на големи проблеми надвор од нашата земја.
Надворешната политика на нашата земја е фокусирана во погрешна насока. Таа не мисли како да го реши проблемот со Грција, како да придонесува за инвестици во нашата земја, туку мисли само за рејтингот на партијата на Никола Груевски.
Кога е во прашање Грција, Србија не знае за македонски стратешки партнер во надворешна политика. Иако самата Србија има големи проблеми во политичкиот менталитет, таа има многу цврста надворешна политика. Бугарија со влегувањето во Европската Унија и прави уште повеќе проблеми на Македонија во делот на непризнавањето на македонскиот народ.
Македонија со Србија има и еден многу важен религиски проблем во врска со непризнавањето на Македонската Православна Црква од страна на Српската Православна Црква.
Кога велам дека надворешната политика на Македонија е ориентирана на рејтингот на Никола Груевски а не во стратешки цели си мислам на проблемите помеќу Македонија и Косово, и Македонија и Албанија.
Албанците се првите во Балканот што го признава македонскиот идентитет, држава, суверинитет и култура. И нашава држава требаше да биде повнимателна во врска со овој факт.
Да го земаме за пример Турција, Иран и Бразил. Три држави кои немат ништо заедничко но се заедно во една кауза од надворешната политика.
Ако Македонија го земаше за пример Турција, во надворешната политика ќе дејствуваше заедно со Албанија, Косово и Турција, и немаше да чека помош од Србија и Бугарија, затоа што овие две земји се редија зад надворешната политика на Грција.
Ова позиција на надворешната политика на нашата земја, не осаменува од светот како Робинзо Крузо.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...