Wednesday, April 23, 2014

Има разлика



Хамди Нухију

 Овие претседателски избори на Република Македонија за мене и за други неопределени албанци беа политички пресврт во нашето убедување.
Јас како албанец никогаш досега не сум излегол на претседателските избори да гласам, ниту за албанските кандидати, ниту за македонските. Овие се први претседателски избори во кои излегов да се изјаснам за вредности кои ме привлекуваа. И пак на 27 излегувам да се изјаснам.
Како граѓанин на ова држава имам право на претседател кој што не ме става како народ во втора класа. Јас сум дел од албанскиот народ што живее во ова заедничка држава. Ако не се чувствувам како дел од ова држава, значи дека нашите претпоставени не гледаат низ прсти. За нив, ние не постоиме, или постоиме само кога се работи за казни и различни политички монтирања.
Албанците не се сигурни ниту за сегашноста ниту за нивната иднина во ова земја. Се малтретираат во различни форми. Само за политички поени се врши психолошки и физички притисок низ албанските фамилии во Скопје и негова околина.
Првиот круг на овие претседателски избори, покажа дека навистина во овие избори има разлика. Сегашниот претседател на Република Македонија, Иванов, во општина Липково нема легитимитет. Тој може да биде претседател на многу места во Македонија, но не и претседател на општина Липково. Таму немаше ниту еден глас за него.
Овој човек кој беше незаинтересиран за ситуацијата во општина Липково, за проблемите на албанците и граѓаните што живеат таму, албанците од овој дел на Република Македонија ги прави скептични за институцијата претседател на Република Македонија.
Има разлика во убедувањето на неопределените гласачи во ова земја. Со уцени, со поткуп, со корупција, никој не може да ги убеди неопределените албански гласачи, да гласат за едниот од двата кандидати на овие претседателски избори.
Со јасна визија, со програма за сите граѓани на ова земја без разлика на народ, вера и раса, може од неопределени гласачи да добиваш подршка.
Институцијата претседател на една држава е унификација на сите граѓани на таа земја. Македонија заслужува претседател што ги обединува сите граѓани на ова земја. Ако сакаме проспоритет на ова држава, мора да живееме во реалност и со сите заедно да работиме за доброто на нашата земја.
По независноста на Република Македонија, албанците се во маргините на ова држава. Никој не ги прашува за ништо, и за нивната иднина тие не одлучуват сами.
Од многуте грешки и неправди што се правеа врз албанскиот народ во ова земја, човек или ке учи нешто или секогаш ке стане глуп. Ако не ги отвораш сам очите, ке ти ги отвораат другите.
Ако не се определуваш сам за твојата иднина и за твојот претседател, ке се определуваат другите за тебе. Потоа мораш да го трпиш еден човек што прави разлика помеѓу народите во ова држава, и што те навредува со неговите политики.
Иако моето изјаснување на овие претседателски избори нема да има некоја политичка пресвртница, за мене тоа е демократско ослободување.
Се надевам дека во Македонија разликите ке постојат само во квалитет.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...