Friday, March 16, 2018

Колку монструми како Бобан Илиќ крие нашето општество?


Хамди Нухију

Бобан Илиќ на 01.07.2016 година пред Уред во Куманово го уби 4 годишното Алмир Алиу. Мотивите за ова убиство се една кавга помеѓу Бобан Илиќ и таткото на Алмир Алиу за не влегување преку ред за преглед кај доктор! Таа кавга беше кобна за семејството Алиу, за целиот албански народ, и го наруши угледот на правосудниот систем на Република Македонија, албанските политички партии во позиција и опозиција.

Бобан Илиќ не е дојден од небо, тој е роден во Куманово, живееше во Куманово во овој мултикултурен и мултиетнички град. Тој е креатура на системот, пропагандата и разделбите што беа спонзорирани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тој систем на разделби и угнетувања кон еден народ и фаворизирање на другиот народ, на жалост се уште постои иако сега постојат и албанци на СДСМ ( друг вид на национална идентификација).
Поранешниот државен правобранител Марко Зврлевски триумфално се заменуваше со новиот правобранител  Јовевски кој што со риквалификација на предметот за Алмир, и пуштањето на слобода на монструмот Бобан Илиќ ги урна сите надежи за реформи во правосудниот систем.
Бобан Илиќ излезе во слобода еден ден после театралното гласање на Законот за јазиците со кој закон се унапредува употребата на албанскиот јазик.
При излегување на слобода, Илиќ направи две срамни работи од кои најмногу им прави штета на македонскиот народ во целина, со среден прст тој ја поздрави семејството на Алмир Алиу,  и им се закануваше живо на новинарот Фуркан Салиу од екипата на ТВ 21.
Илиќ дома славеше со србското знаме и со скопско. Тој е на слобода, и според неговите реакции и уцени кон новинарот на ТВ 21 може пак да го повтори делото кон друго дете што според системот-креатура на политичките партии, мора да биде албанец.
Илиќ е една површина на омразата што се гради со години во македонските средини и семејства кон сите народи што не се македонци.
Таа омраза можеме да ја видиме секаде, на улиците, во тв, од универзитетските професори, политичари, градоначалници. Гасна комора за албанците, смрт за шиптарите, и разни други глупости, закани и уцени сме имале прилика да ги прочитаме и гледаме секој ден во скопските улици, кумановските бандери и битолските стадиуми.
Македонскиот народ треба да се дистанцира од вакви монструми како Бобан Илиќ и преку правда, не селектирана, да докаже дека е модерен народ без предрасуди кон сите други народи.
Ако имаме заедничка иднина која што ја гледаме во големото семејство во Европска Унија и НАТО, треба да имаме и заеднички пристап кон сите монструми кои што можат да се креираат од системот, но мора да се спречуваат за да се елиминира можноста за кршење на човечките права на сите народи во Република Македонија.
Поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, велеше:” Македонија е се што имаме”. Ако е така за сите, Бобан Илиќ не смее да се движи слободно во Куманово и другите градови.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...