Wednesday, November 7, 2018

За какви права протестирате, “манијаци”?


Хамди Нухију

Денеска во главниот град на Република Македонија е случува еден протест на срамот, ѓаволот излезе на површина и бара милост за касапот. Денеска пред очите на граѓаните на Република Македонија една група граѓани од македонската припадност, протестираа за правда за поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.
Протестот е организиран потпирајќи се на тоа дека се бара да се одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски за да правдата слободно да го има својот збор.
Протестот е едно граѓанско и демократиско право кое што не треба и не се оспорува од никој. Но да протестираш за правда за Никола Груевски е исто како да протестираш за правда за Слободан Милошевиќ. Дали тие граѓани што излегува на протест се свесни што праваат? Дали знаат дека Никола Груевски е главниот причинител за големни неправди кон албанците, ромите, македонците и сите народи што живеат во Република Македонија?
Груевски своето искачување на власт го имаше со една економска платформа, розова, која што беше нашминкана со многу популистички фрази, наивни, без да гризат никого. Но во неговото време се случува најголемите злодела кон сите народности што живеат во Македонија. Зошто невините граѓани кои што денеска протестира за Никола Груевски, не протестираа за малата Тамара, новинарот Никола Младенов, младата жртва што беше убиен од телохранителот на Никола Груевски? Зошто овие луѓе жедни за правда, не бара правда за албанците од село Сопот, од Диво Населје, за Монструм, за Алмир Алиу, Ештреф Алији, и другите неправдини?
Македонија е едно мултиетничко општество кое што може многу лесно да разбие хармонија и да ги потикне меѓуетничките односи. Како резултат на погрешната политика на Никола Груевски и ДУИ, повеќе од 600.000 граѓани се отселува од овде. Голем дел од нив се албанци!
Да, Груевски ја заслужува почита од сите нас за големиот број на бугарски пасоши кај албанците и македонците од Република Македонија. Ако некогаш и некаде ќе постои некоја слична награда за мир во погрешна смисла на зборот, Груевски би бил главниот претендент за да ја добие.
Прашајте го Фијат Цаноски колку е праведен Никола Груевски. Нека ви каже тој, дали на екс премиерот би требало да им се одземе пратеничкиот имунитет или не.
Македонија конечно треба да чекори кон европскиот пат. Но за да има успех, првично треба да се чисти од сите злосторници од домот на демократијата. Ако во пратеничките редови постојат такви злосторници како Никола Груевски со неговата мафијашка група, тогаш немаат смисла реформите и европскиот пат. Македонија би ја ставал во опасност неговата иднина за да го спаси злосторникот Никола Груевски.
Сите демократски земји кои што имаа слични проблеми како Македонија, за да имаат успех во нивното чекорење напред, првично ги чистеа нивните редови во Парламентот.
Без да се навредува никој, за мене, секој човек што протестираа и бара правда за злосторникот, неправедниот и човекот што во негово време на владење направил толку лоши дела кон народот, е манијак. И како манијак треба да се третира.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...