Sunday, August 1, 2021

Кумановски воз или бугарски воз за локалните избори

 Пишува: Хамди Нухију


Пред некој ден читавме за одлуката за прагот за малите иницијативи и политички партии за овие локални избори. Прочитавме за начинот како се третираат овие иницијативи од страна на власта и големите политички партии.



Имаше различни интерпретации во јавноста во врска со ова одлука која што според сите параметри не е во полза на малите политички партии. Иако се најавуваше да имаме отворени листи за оие локални избори, големите политички партии во опозиција и во власт маестрално ја поништија ова најава преку законските задоцнувања.


Големите политички партии наместо да ги отвораат листите за советници, тие понудија еден праг од 1 % за да ги елиминираат сите граѓански иницијативи и на ваков начин да не ја ставаат во опасност нивната сегашна позиција.


Од друга страна, големи се очекувањата на граѓаните од сите етнички заедници за сите граѓански иницијативи кои што во овие локални избори ако немаше да имавме ваков третман од големите политички партии, ќе беа одлучувачки во поголемиот дел од општините.

Граѓанската иницијатива во Тетово се гледаше многу позитивно од јавноста, и такви иницијативи се бара да се градат и во другите општини ширум земјата.


Но да се враќаме во реалноста, возот, феноменот бугарски воз кој што беше присутен во последните парламентарни избори во Куманово. Освен проблемите кои што се креираат за малите политички партии, и ова порта да се затвора за граѓаните, сега пред нас е реалноста на референдумско коалицирање на сите политички партии во власт, особено во општина Куманово.


Јавноста уште нема поим кој ќе биде главниот именител на позициската трка за првиот на градот Куманово. Во внатрепартиската трка имаме различни имиња, но во новинарската фела се зборува дека конечниот натпревувач ќе биде едно име надвор од внатрепартиската трка.






Од страна од опозицијата калкурират до последниот ден, и за да биде играта многу по нејасна, тие во последното време се занимаваат со Левицата.


Едно е јасно, тој што ќе го контролира кумановскиот воз, за наредните децении ќе биде главен политички играч во Република Северна Македонија.


Инаку, пругата од коридорот 8 кој што ја поврзува Бугарија со Република Албанија оди преку Куманово, или преку кумановскиот воз.

Начинот на кој се редени коцките ни дава да се сомневаме во тоа дека во Куманово пак феноменот бугарски воз ќе биде одлучувачки за локалните избори.


“ I can`t breathe”, викаше Џорџ Флојд во Америка. Во услови на бугарски воз, симболично во Куманово ќе имаме многу кои што нема да можат да дишаат.


No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...