Sunday, August 8, 2021

Дали политичките партии смеат да примат гласови од невакцинираните граѓани?!

 Хамди Нухију

Мерките на Владата на Република Северна Македонија во прв поглед се ориентирани кон невакцинираните лица, но во основа тие ги вржаат и тие граѓани кои што досега се вакцинирани. Начинот како се третира ова тема од страна на Министерството за здравство и Владата, и потребите на граѓаните за информација и праведен третман се многу различни.

Борбата против пандемијата ковид 19, е борба која што ги засега сите граѓани на нашата татковина, и секој од нив на различни начини придонесуваат за да ги отстранат ефектите. И невакцинираните лица, и тие што не сакат да се вакцинираат се едногласни во идејата дека пандемијата ковид 19 е штетна за здравјето на граѓаните но и за економијата. Фазите кои што се реализираат од пронаоѓањето на вакцината, доброволното ваксинирање до задолжителното ваксинирање ни ги прошируваат сомневањата за премогу политика во целиот овој здравствен процес.

Зошто новите мерки од Владата на Република Северна Македонија да важат само за невакцинираните лица? Нели е ова неправда кон еден дел од граѓаните на ова држава кои што според препораките на министерството за здравство дека вакцинацијата е доброволен акт, досега не имале ниту една причина за да се вакцинираат.

Овој начин на спроведување на новите мерки, нели е неправда и кон вакцинираните лица, кои што не можат ниту кафе да попијат во јавен  и затворен простор со лица кои што не се вакцинирани?

Нема сомнение дека треба да се превземат мерки за да се зачува здравјето на граѓаните. Но тие мерки не треба да бидаат спротивни едни кон други, и треба да имаат една хармонија на спроведување.

Овој начин на воспоставување на мерки во борбата против пандемијата ковид 19 може да креира многу незадоволство кај поголемиот дел на граѓаните на ова држава. Ако нивото на тоа незадоволство ќе се подигне, тогаш ќе се креира анархија, ќе имаме секојдневни протести и уништување на јавниот простор.

Владата на Република Северна Македонија пред да ги воспотавува мерките во борбата против ковид 19, треба да гради визија и мисија како ќе се справи со овој непријател. Инаку, сега доаѓаат локалните избори, ќе имаме кампања. Прашањето које што се поставува во овој момент е дали политичките парти ќе превземаат такви мерки за да не ги примат гласовите од невакцинираните лица?

Ако невакцинираните лица од 16 август не смеаат да влезат во кафеани, зошто да излезат на гласање на 17 октомври?

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...