Thursday, October 28, 2010

Што е важно за Македонија?

Што е важно за Македонија?
Хамди Нухију

За Македонија и за македонскиот народ се важни многу нешта. Од нај-елементарните нешта до крупните што се реализират само со добра позиција на надворешната политика.
За Македонија е важно да биде богата земја која ќе ги усречува неговите граѓани.
Таа, е богата земја, само ние не знаеме како богатството од нашата земја да го филтрираме во добри насоки кои ќе придонесат материални добри.
Македонија е мала земја но од ова нема што да се срамиме. Мала земја е и Кувајт, Катар, Луксембур, Лихтенштајн. Но тие се по развиени од нашата земја, затоа што нивното богаство е ориентирано во добри насоки.
Македонија е богата земја со младост. Младите се најбогатото нешто на една земја. Сите земји во светот ја барат нашата младост како работничка класа која ќе и помогне нив да обстанат во нозе.
Македонија е богата земја и со неговата историја. Нема земја од Балканот што стигнал до Африка и Азија, како стигнал Македонија со неговиот херој и херо на сите народи на Балканот Александер Големи. Според  историчарите таа е античка Македонија, но никој од нив не го негира фактот дека била и во овие простории во кои живееме. Но ова не значи дека Македонија треба да краде балканска историја, и да биде неправедна кон историите на другите народи што живеат во Балканот.
Македонија е богата земја и со корупција. Мислам дека нема земја во светот по коруптирана од нашата земја. Ако живееш во Македонија, многу добро знаеш , дека во универзитетите мора да ги коруптираш професорите за некоја 6, за едно работно место ќе ја коруптираш партијата или ќе бидеш доживотен сервил на неа, за еден документ ќе ја коруптираш целата администрација. За да живееш како нормален човек во ова земја, мора да коруптираш. Нема друг параметар кој ќе ни помогне да излеземе од корупција.
Македонија е единствената земја во светот во која се зборува толку многу за корупцијата. Дури и баби и жаби го учија на памет поимот корупција.
Македонија уме и знае како да биде неправдна земја кон неговите граѓани. Македонија е неправдна кон македонците кои сакаат да работат и да придонесат за нивната тактовина но не им се овозможува ова. И затоа мора да одат во Австралија, или да земат булгарски пасош само да стигнат до можностите за подобар живот. Таа е неправдна земја и кон сите други националности во ова земја кои живеат во тешка состојба заедно со нивните сограѓани македонци, но тие во многу прилики се привилегирани од другите националности.
Овој третман кон националностите што живеат во ова земја е препрека за поразвиена Македонија.
За Македонија е важно неговите дела кон неговите граѓани да зборат за неа. Таа не може да биде мајка за еден народ, а маќеа за другите народи и народности што живеат во неа. Или ќе биде мајка за сите народи што живеат во неа, или мора да ги третира како маќеа.
“Остави, не зборувај ти за себе. Нека зборуват твоите дела за тебе”- Фетулах Гулен
Делата зборуват против Македонија. Македонија сме ние, народите што живееме во неа. Ако ја сакаме неа како развиена земја, праведна и како мајка, таа така и ќе биде за нас. Но ако ние Македонија сакаме да ја гледаме како маќеа за сите други народи освен за македонскиот народ, тогаш таа и така ќе биде. Но кога постои непраднина во една земја, таму има и бедотија, неразвиеност и сиромаштија. Ако ние сме неправдни, Створителот е Правден.
Македонија е важна за сите нас, да ја чуваме,сакаме и да се погрижиме за неа. Затоа, сите треба да работиме заедно за подобра иднина на нашата земја.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...