Wednesday, November 16, 2016

Кој ќе победи во парламентарните избори?

Хамди Нухију

На 11 декември ова година ќе се одржуват вонредните парламентарни избори кои доаѓат како резултат на последната политичка криза, која ја погодуваше Македонија. Овие избори освен што се историски по својата важност и содржина, тие го афирмираат патот на Република Македонија кон Европа.

Пржинскиот Договор донесе нов концепт во македонската политика, концепт кој се одразува во политичката сцена и управување со државата. СДСМ го риафирмира граѓанскиот концепт, кај ВМРО-ДПМНЕ се визуализират националните македонски интереси.
Како македонските така и албанците во Македонија и другите националитети во овие избори гледат на единствена шанса за излез од еден политички лабиринт. Граѓаните на Република Македонија се сочуват со проблемите на невработеност, безперспектива и изолираност. Како резултат на политичката криза во последните години статистиките говорат за напуштувањето на државата од страна на многу млади македонци, албанци и други.
Влучувањето на албанците во редовите на СДСМ во ваков момент кога кај албанскиот спектар има повеќе партии се гледа како на подготвувањето на ова партија за една голема манипулација со националните  интереси на албанците. Официализирањето на албанскиот јазик на цела територија на Република Македонија треба да има еден пример од каде ќе почне да се имплементира. Албанците прашуват зошто лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој нема ништо против албанскиот јазик, не го официализира албанскиот јазик во општина Струмица ?
Слични прашања може да се поставуват за сите недолични видувања на македонските политичари кон албанците и другите националитети.
Во 11 декември ќе победува реалниот концепт кој не е утопија и кој е пробан како општествено одржлив во сите свои наративи.
За албанците во Македонија ниту Заев ниту Груевски не можат да праваат тоа што самите албанци треба да го направат за себе преку нивните преставници што ќе ги избират.
Како да е на Македонија и требаат промени од сите аспекти, почнувајќи од економскиот, политичкиот, националниот, религиозниот и културниот аспект. После 11 декември било кој да победи во изборите, не треба да биде ист со албанците и другите националитети во Македонија. Ако сакаме Македонија да оди напред вака ќе се определиме на ова прашање. Ако сакаме секогаш да имаме негативни оценки од Европската Комисија, и Македонија да се назадува, тогаш ќе биде премногу тепко како за албанците, така и за македонците и другите националности кои живеат во Македонија.

No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...