Monday, February 6, 2017

Повратниците од ИСИС како опасност за муслиманите и другите во Македонија


Хамди Нухију

Од Македонија во ИСИС или во боиштата во Сирија и Ирак оделе голем број млади луѓе. Тие од различни причини одеа во тој пат за да постигнаат една цел што според радикалните учења од припадниците на ИСИС е реализирањето на Исламска Држава и воведувањето на шериатот во светот.

Тие млади луѓе од Македонија ако процениме според возраста можеме слободно да кажеме дека се манипулирани.
Иако проблем сам по себе е одењето во ИСИС, сепак не треба да се потценуња и заканата од нивното враќање во Република Македонија.
Фактичката состојба
Од кога почна бунтот против Бешар ел Есед, и регрутирањето на опозициските сили во Сирија, па до денес, од 150 до 200 македонски граѓани оделе во ИСИС.
Овие борци се дел од балканскиот контигент кој според едно истражување на БИРН, Балканот е извор за борци во ИСИС.
Според ова истражување, во Косово се вратиле 130, во Македонија 70, во БиХ 50, во Албанија 42, и 7 во Србија. Вкупно 299 луѓе кои се бореле на страната на најопасната терористичка организација на светот, се вратиле на просторите на балканските држави.
Дали повратниците од ИСИС се закана за Македонија и за кого?
Видувањата на овие борци се спротивни на исламските видувања на муслиманите што ја практикуват нивната вера во Република Македонија. Како резултат на ова можеме да видиме сцени на уценување, навредување и линч и до екстремни форми на спротивставување.
Безбедносните служби во Македонија неколку пати кажа дека ситуацијата со повратниците од ИСИС и можните инфилтрирани во бегалската криза, е под контрола.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пред некоје време кажа дека ситуацијата е целосно под контрола.
“МВР будно ја следи безбедносната состојба во земјата а тоа се гледа и преку зголеменото полициско обезбедување не само на локално ниво туку и во сите институции каде се вршат и одржуваат јавни настани”, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Што презема Македонија против повратниците од ИСИС?
Владата на Република Македонија против феноменот на одење во странски паравоени групаци го измени Кривичниот Законик. Од сега затворски казни од минимум 5 години ќе се изрекуват и за финанциерите и луѓето кои ќе бидат логистика на борците или на организаторите.
Во почетокот на полициската акција наречена како Ќелија, е затворен имамот Реѓеп Мемиши од Скопје, заедно со осум други државјани на Република Македонија кои војувале во Сирија и Ирак.
Во продолжение на полициската акција Ќелија,  се затворени седам лица. Серијата на ова полициска акција продолжи и во Аксарај, Турција, каде што се затворени пет лица, државјани на Република Македонија.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека со низата полициски акции, посебно со „Ќелија 1 и 2“ во кои беа откриени 13 македонски државјани, повратници од кризните региони, драстично е намален бројот на лица кои заминуваат кон воените региони.
Наша работа е да бидеме постојано подготвени да превенираме за да не заминуваат во тие региони, но и да откриваме опасност од евентуални повратници. МВР располага со бројка на повратници, но повеќе од важно е да се работи на терен за да нема нови граѓани кои ќе заминат во кризните региони “, нагласи Спасовски.
ИСИС не е Ислам
Иако од Македонија оделе голем број млади луѓе од исламската вера да се борат во Сирија е Ирак, не треба Исламот да се идентификува со ИСИС.
ИСИС е една девијација од радикали што гледано по бројки е малцинство кај муслиманите. Затоа, граѓанинот на Република Македонија не треба да има предрасуди за сите муслимани во Македонија и во светот, и според видувањата на ИСИС да заземе став за целиот Ислам и исламските учења.
Српската пејачка, Јелена Карлеуса, после терористичките напади во Париз, во својот профил на Фејсбук пишува дека Исис не е Ислам: ИСИС не е Ислам, тероризмот не познава религија.
Имамот Ахмед Калаја од Тирана во едно интервју за Tesheshi, кажува дека ИСИС е една групација која што не се базира на основните исламски принципи.
Потенцирам дека ИСИС е една групација која што не се базира на основните исламски принципи и верниците за ова се јасни. Тие знат дека ИСИС не го подржуват исламските научници никаде во светот. Велам исламските научници, бидејќи овие се референца за оценување”, вели меѓу другото Калаја.
Имамот Ајни Синани од Призрен, во една негова статија пишува дека ИСИС е едно чудовиште.
Бруталноста и суровоста која лежи во основата на ова чудовиште, стилизирана како Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ), и сега што е Исламската држава (ИС), не е само против малцинствата во Ирак и Сирија, помеѓу христијаните и језидите,  исто така и против курдите и сунитските арапски племиња, кои одбиваат да ги почитуваат и да ги остават дамка на Исламот во кој што се повикуваат неправедно.”, пишува меѓу другото Синани.
Папата Франциск пред неговото враќање од Кракови, Полска, кажа дека не е исправно да зборуваме за насилен Ислам.
Не е исправно за зборуваме за насилен и исламски тероризам. Ако зборуваме вака, треба да зборуваме и за насилен католицизам. Сум зборувал со имамот на Ел Езхер, тие сакат мир. Во секоја религија има фундаментални групации. Државата која што се презентира како Ислам, го прикажува неговиот идентитет на насилството, но тоа не е Ислам, вели меѓу другото Папа Франциск.

Заклучок
Македонија како мала држава што ги поврзува Европа и Азија треба да се справи со повратниците од ИСИС. Само нивно затворање и казнување не го решава проблемот кој може да стави длабоки корени во целовкупното општество. Повратниците од ИСИС треба да живеат, работат, мажат, студират и  да се интегрират во јавниот живот во Македонија.
Од овој аспект, Исламската Верска Заедница може да помогне во интегрирањето на повратниците од ИСИС во јавниот живот, преку различни програми на рисоциализација. Исламската Верска Заедница во Република Македонија има еден проект кој е презентиран пред странските амбасади во Скопје, за рисоциализација на повратниците од ИСИС. ИВЗ предвидува во нивниот проект за организирање на предавања за правилно учење на Исламот и квалификацијата на поранешните џихадисти во готвачи, столари, бербери и други слични занаети.
Република Македонија треба да ги зема предвид сите мерки што ги има предложено Исламската Верска Заедница, бидејќи само таа може поправилно од сите институции во државава да придонесе за намалувањето на опасноста од овие “темпирани бомби” кои што во секој момент може да експлодират и да направат огромна штета на муслиманите и на сите други граѓани што живеат во Република Македонија.



No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...