Tuesday, February 7, 2017

Говорот на омраза кон албанците од македонските уредници

Хамди Нухију
Македонските уредници, како Драган Павловиќ Латас, Мирка Велиновска и Миленко Неделковски со години шираат говор на омраза кон албанците во Македонија.

Латас, Неделковски и Велиновска изградија идентитет на говорници на омраза кон албанците во Македонија.
Говорот на омраза во Република Македонија се казнува според Кривичниот Законик, членот 319 кој гласи:
Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа
Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други симболи, со палење, уништување или на друг начин оштетување на знаме на Република Македонија или знамиња на други држави, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг дискриминаторен начин, непосредно или посредно, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Но иако се предвидени вакви казни за оние кои што говорат омраза, сепак законот не се применува како што треба.
Во страницата Говор на омраза на ваков начин се дефинира говорот на омраза:
Секој начин на изразување кој промовира омраза кон едно или повеќе лица поради нивните лични карактеристики или припадноста кон одредена група или заедница.
Каква слика за албанците во Македонија дават некои македонски уредници?
 Водителот во Тв Сител, и главниот уредник во Вечер, Драган Павлович Латас кога пишува за граѓанскиот концепт на лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев, помеѓу другото пишува дека тоа е штетно затоа што македонците треба да плаќат за 20,000 работни места за албанците.
“И тоа ќе треба да го плаќаме од наш џеб, нови пари во во буџетот за тие нови најмалку 20.000 етнички работни места. Тоа се бруто 180 милиони евра годишно, да платиме за Македонците да се загубат самите себе во сопствената Македонија”, пишува меѓу другото Латас.
Латас продолжува да ја образолжува ова теза како опасност, значи, македонците да губаат во сопствената Македонија, што подразбира раздор на етничка линија и креирање на тензични етнички ситуации.
“Тоа е понудата на Заев за да добие власт. Тоа е опасната Пандорина кутија на отворен вулкан кој пеплосува се околу себе. Кутијата ја отвори, и Албанците оваа шанса од Заев дадена ја прифатија со еуфорија, и ќе ја туркаат со сите средства”, пишува Латас.  
Во една друга статија, Латас пишува во негативен контекст за тоа што бара Заев. Според него, Заев сака Македонија да биде протекторат на Косово.
“На СДСМ не му оди. Заев тврди дека секоја фамилија ќе добиела од него преку ДДВ плата плус во домот. Само не кажа која држава успеала да преживее без даноци. Или, Заев не ни планира Македонија да опстане како држава. Да биде протекторат на Косово, па како Косово и Црна Гора да се издржува од шверц на дрога и цигари. Заев веќе ги има дилерите за тој буџет, а сите ние ќе бидеме само корисници и зависници”, пишува Латас.
Латас продолжуваа да сее страв кај македонските граѓани и после настаните во Диво Населје во Куманово. Според него, Кумановаската група има јатаци кои што секогаш ќе се обидат да ги ослободат нивните затвореници и на ваков начин да ја дестабилизираат државата.
“Кумановската група има јатаци, оние што се сликаа со Заев, кои се се уште активни. Неодамна, по завршување на судењето на кумановската група, полицијата фатила еден соработник на судените кој на разминување им дал локатор, за да ги лоцираат додека полицијата ги спроведува од суд кон затворот бидејќи планирале напад на полицискиот конвој и ослободување на дел од судените терористи. Обидот е виден и спречен.”, пишува меѓу другото Латас.
Водителот Миленко Неделковски е познат по неговите напади кон албанците во Македонија и регионот.
Во едно негова објава во Фејсбук тој напиша: „Соросоиден сдсмовец, педер и шиптар. Три во едно.“
Во една негова статија Неделковски се чуди што албанците во Македонија и Албанија се среќни за Америка.
“Сакам да кажам дека разбирам што Албанците од Косово се заинтересирани за осамостојување на таа, с¢ уште, српска покраина. Ама, не разбирам зошто сето тоа толку многу се слави меѓу Албанците во Македонија и Албанија.”, пишува Неделковски и продолжуваа да сее страв кај македонските граѓани затоа дали има нешто што знаат албанците во Македонија а за што не знаат македонците.
“Или, овие Албанци од Македонија и Албанија што слават знаат нешто повеќе?! Нешто што ние Македонците не знаеме?!”, пишува меѓу другото Неделковски.
Мирка Велиновска нема да пропушта ниедна шанса за да пишува и зборува затоа како албанците во Македонија ќе предизвикуваат војна, и како сите лошотии во државава ни доаѓаат од нив.
“Онаа од 2001-та како што гледате веќе дејствува. Не е ни чудо што 'борците за слобода и демократија' изгледаат како штрапани. Кога и да се појават, каде и да се ангажирани, ви се чини како да се нетокму.”, пишува меѓу другото Мирка Велиновска.
Во емисијата на Миленко Неделковски, каде што Велиновска е редовен гостинка, таа пак зборува за омилената тема, за албанците и затоа како тие ќе предизвикаат војна во државава.
 „Големи претставници од Германија на Меркел“ убедувале наши владини експерти дека Албанците во МК ќе направеле војна., вели меѓу другото Мирка Велиновска во емисијата Јади Бурек.
Здружението на Новинари на Република Македонија неколку пати реагираше кон говорот на омраза на овие уредници и други слични говорои кои што можеа да се најдат на македонските медиуми.
По бурни реакции предузвикува Неделковски и Латас каде што и американската амбасада и ОСБЕ неколку пати предупредуваше за нивниот несоодведен говор.
Заклучок

Во Македонија постои и се промовира говорот на омраза кон албанците, но и кон србите, ромите, и другите етнички заедици и групации.
На 25 септември 2014 година, Здружението на новинари на Македонија реагира со тоа што прашува директно зошто не се казнува говорот на омраза на Република Македонија?
Ценејќи дека во Македонија во последно време има тенденција на зголемена употреба на говор на омраза во дебатните емисии во националните медиуми вклучително и во емисии каде гостуваат високи владини функционери а за кои нема соодветна реакција од страна на регулаторот, претставникот на ЗНМ праша:
Дали е пракса во Европа пред емитувањето на ТВ дебата да има најава/соопштение дека медиумот на кој се прикажува дебатната емисија се исклучува од одговорност за евентуално прекршување на законите вклучително и од говорот на омраза, од страна на некој од гостите или водителите?
Второ, во случај да постои таква пракса, која е реакцијата на регулаторните тела во други земји?.
И покрај сите реакции од новинарските здруженија, сепак нема подобрување во делот на минимизирањето на говорот на омраза.


No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...