Wednesday, February 8, 2017

Референдум на Република Српска за нови граници во Балканот

Хамди Нухију
Вовед
Во Република Српска во Босна и Херцеговина на 25.09.2016 година се одржа еден реферндум каде што србите во тој дел на Босна и Херцеговина се изјаснија за тоа дали 9 јануари да биде државен празник во Босна и Херцеговина како ден на државноста на Република Српска.

Овој контрадиторен референдум се одржуваше и се бараше претходно многу пати од страна на претседателот на Републиак Српска, српскиот националист Милорад Додик. Предизвика бурни реакции во Босна и Херцеговина, во регионот, Европа но и во светот.
Додик и покрај тоа што знаеше многу добро дека тој референдум е против уставен и против законите во Босна и Херцеговина, и дека имаше една забрана за да го реализира, тој сепак одлучи без да го праша никој, да распише референдум.
Резултатите од тој референдум зачудувачки се позитивни од страна на граѓаните на Република Српска со 99,8 проценти изгласаа славење на спорниот национален празник на 9. јануари.
Стравот од резултатите од овој референдум се проширува во регионот од можни сценарија кои што можаат да предизвикаат нови конфликти, инциденти и поделби и да ги отвораат старите рани во Балканот.
Досега никој не даде одговор на тоа од каде толку е сигурен Милорад Додик со српскиот национализам среде Балканот?
Зошто Додик не се плаши од никој со неговите изјави кои недвомислено се спротивни со глобалните процеси каде што мултинационалните и мултикултурните општества се како колорит?
И покрај тоа што Додик за референдумот кажуваше дека тоа не треба да се подразбира како начин на отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, сепак, со неговите претходни изјави тој зборува јавно за тоа како би можеле да живеат како соседи Република Српска со Босна и Херцеговина.
Читателот треба да го познае поимот референдум. Според различните дефиниции со референдум подразбираме : “ …облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница”. ( види во Референдум).
  1. Дејтонскиот договор
Дејтонскиот договор и даваше крај на крвничката војна во Восна и Херцеговина која што под себе остава околу 110,000 загинати лица и 1,8 милиони иселеници. Во таа крвава војна се случуваше најголемиот масакар во Европа, масакрот во Сребреница кадо што босанските муслимани се заколени од страна на спрските паравоени структури.
Дејтонскиот договор и даваше крај на војната и постоењето на поранешна Југославија со креириањето на новата држава во Балканот, Босна и Херцеговина.
    Во делото Атлас на Исламскиот Свет, Амир. Б.Ахмети ( 2009 ) истражувач и историчар пишува за независноста на Босна и Херцеговина. Тој пишува:
Независноста која што денеска ја има Босна е прогласена во почетокот на распаѓањето на Југославија во 1992 година, но етничката структура што ја карактаризираше Босна, на босанските муслимани, срби и хрвати, независноста ја направија неодржлива и почна војната во Босна која што траеше до 1995 година и која што заврши со 110,000 загинати лица и со 1,8 милион иселеници. Во декември 1995 година се потпишува Дејтонскиот Договор кој што резултираше со рифунксионализирањето на новата држава на федерацијата босанска-хрватска и Република Српска. ( стр.140)
После 3,5 години војна на 21 ноември 1995 година се потпиша Дејтонскиот договор во Дејтон, САД под покровителство на меѓународните сили.
Во Либертас пишува дека: “со договорот парафиран во воена база во Дејтон по тринеделни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена на  Федерација БиХ (51 процент од територијата), Република Српска (49 отсто од територијата) и дистриктот Брчко. “ ( види во Дваесет и една година од потпишувањето на Дејтонскиот договор ).
Од потпишувањето на овој договор се креира една држава која што е поделена од почеток неправедно и во таа поделеност имаше свој учинок и посилниот, во овој случај србите кои што излегоа од Дејтон како победници. Иако се формира една нова држава, ингеренците, статусот, териториалната определба останува многу проблематична за босанскиот народ и за неговите соседи.
Како резултат на ова, босанците во Босна и Херцеговина не можат да земат ниту една одлука без да се прашуваат србите. Значи Босна и Херцеговина не е унитарна држава иако ги има сите предиспозиции да биде таква.
Една Босна и Херцеговина поделена во вакви размери може да опстои само со посредништво на меѓународната заедница и секогаш е закана за мирот и стабилноста внатре но и надвор од границите. И мал фитил може да се пали било од кој и да гинат илјадници луѓе кои што не се дел од процесите на различните национализми и фанатички спротиствавуња.
Послединте истражувања говораат дека еден голем број луѓе од Босна и Херцеговина одеа во ИСИС за да се борат против режимот на Бешар ел Есад.
Може ли да опстои една таква држава во овие околности или треба да се подготвува нов Дејтонски Договор? За ова се подгрева теренот од страна на Република Спрска како дел на Босна и Херцеговина која што на 25.09.2016 година имаше еден референдум кој што од многу аналитичари се гледа како вовед во отцепувањето на Босна и Херцеговина.
     Во делото Стратешка Длабочина, Ахмед Давутоглу ( 2010 ), поранешен премиер на Република Турција и дипломаат со долгогодишно искуство пишува дека Дејтноскиот Договор не гарантира стабилизација за Босна и Херцеговина. Тој пишува:
Иако од потпишувањето на Дејтонскиот договор има поминато еден период   од повеќе од  пет години ( од моментот на пишувањето на ова книга), државата Босна и Херцеговина уште нема една внатрешна сплотност што може да гарантира комплетна хегемонија на неговите граници. Основната причина за оваа ситуација е, во голема мера, нееднаквиот статус меѓу страните на кој што и отвори пат Дејтонскиот договор. Српските окупатори како виновници за етничките чистења во процесот од месец април 1992 година до Дејтонскиот Договор, во почетокот се легитимира како српски бошњаци, потоа се дефинира како Република Српска на Босна, и влегуваа во сцена како државотворни.Додека во една страна српската страна се консолидираше со дефиниција Република,   од друга страна муслиманската-хрватската страна имаше еден карактер што е составен  од многу контрадикции на Федерација. Вака, србите обезбедуваа една комплетна  аутономија, дипломатскиот и воената позиција на муслиманите комплетно се контролираше од хрватскиот фактор. ( стр.366)
Во овој контекст може да се интепретираат и сите напади на српските националисти во Босна и Херцеговина против босанците, хрватите и  сите други народи и народности што живеат внатре во Босна и Херцеговина и надвор од неа.
Спрскиот национализам во Босна и Херцеговина е една сопка која што ги кочи сите процеси на развивањето на локално, регионално и интернационално ниво. Босна и Херцеговина од овој национализам претрпува многу штета затоа што во меѓународната сцена таа е поделена и не може да одлучува според интересите на босанскиот народ. После ова луѓето можат да се чудат кога Босна и Херцеговина зема став против тие што и помогна во војната и после војната. Босна и Херцеговина не ја признаваше независноста на Косово, и покрај штоа што албанците во Косово и босанците во Босна и Херцеговина има многу традиционални верски врски и други во поранешна Југославија и во империите што беа во Балканот.
Босна и Херцеговина не можеше да се изјасне за правата на палестинците во Палестина од притисокот на србите кои што го коча солидаризирањето на босанскиот народ и држава со Палестина.
Босна и Херцеговина од неговото самоставување до денес не личи на себе, туку на еден заложник на српскиот народ на Република Српска.
    Во делото Стратешка Длабочина, Ахмед Давутоглу ( 2010 ), поранешен премиер на Република Турција и дипломаат со долгогодишно искуство пишува дека составниот дел на Република Српска формирана од Дејтонскиот Договор е многу неодржлив. Тој пишува:
Фактот дека градовите во Источна Босна како Вишеград, Сребреница, Зворник и Фоча и зоните на муслиманскиот суверенитет во бреговите на Дринас, каде што во време на војна се вршеше еден интенсивен геноцид, се регистрира како дел од Аутономна Република Српска, е еден типичен податок за дисекуилиброт на реал политиката и реал етиката на Дејтонскиот Договор. ( стр.367а)
Значи, според Дејтонскиот Договор најдобрите делови  на територијата на Босна и Херцеговина сега се дел од територијата на Република Српска, која што и дава многу привилегии и отвора многу опции за креирањето на нови проблеми во Босна и Херцеговина и во Балканот.
      2.  Република Српска
Според податоците во Слободна Енциклопедија, Википедија, Република Српска или скратено Српска  една од двете главни политичко-територијални единици на Босна и Херцеговина, другата е Федерацијата Босна и Херцеговина. Република Српска е дефинирана во Уставот како единствена територијално, неделлива и неотуѓива уставна и правна единица што самостојно ќе ги врши своите уставни, законодавни, извршни и судски функции. Националното собрание и на Владата е во Бања Лука, иако Сараево е официјален главен град. Република Српска е дом на три уставни народи: Срби (околу 88%), Бошњаци (околу 8%) и Хрватите (околу 4%). ( види во Република Српска).
Според пописот во 2013 година, Република Српска има 903.678 жители. Национален празник во Република Српска е 9 јануари кој што се славува илегално затоа што е против уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Република Српска  е конституивен дел на Босна и Херцеговина иако има премногу ингеренции кои што ги доби како резултат на Дејтонскиот Договор.
Српскиот национализам во овој дел на Босна и Херцеговина е еден феномен кој што треба да се истражува и да се има предвид според неговите негативни начела.
   Во делото Нација и Национализмот од 1870 година, Ерик Хобсмаум ( 2012) теоретичар пишува дека национализмот во основа е принцип “ според кој политичката единица и националната единица треба да се вклопуваат”. ( стр.21)
Национализмот и нацијата се дефинират со тоа дека политичката единица и националната единица треба да се вклопуваат. Договорот на Дејтон и овозможуваше на Република Српска да има 88 проценти срби и териториално да е подготвено за отцепување од Босна и Херцеговина.
Од друга страна, Ахмед Давутоглу мисли дека цивилизациската криза е рефлектирано и на системот на држава-нација.
  Во делото Цивилизациската трансформација и муслиманскиот свет, Ахмед Давутоглу ( 2005) пишува дека светската цивилизациска криза треба да се осврти од две перспективи. Тој пишува:
Продолжената цивилизациска криза е рефлектирано на политичката сцена како криза на светскиот систем од две перспективи: Криза на национални држави како политичка единица и кризата на меѓународниот поредок како светски систем.( стр.195)
Значи меѓународниот поредок како светски систем или со други зборови како глобализација е спротивен со националните држави. Иако светскиот систем е една унија на држави, во неа национализмот е еден вредност која што егзистира во рамките на државите и не смее да биде пречка во глобалните системи. Ако национализмот се јавува како пречка во глобалните системи, тогаш тој се минимизира и е во опасност од опстанок. Неслучајно државите кои што се премногу настроени националистички не се дел од инклузија на интересите на глобализмот.
     Во делото Стратешка Длабочина, Ахмед Давутоглу ( 2010 ), поранешен премиер на Република Турција и дипломаат со долгогодишно искуство пишува за глобалните процеси и глобалното видување и креириање на светот. Тој пишува:
Народите или општествата што се предводници на силните цивилизациски инициативи и кои што формират еден поредок според ова цивилизациско искуство, од моментот кога излегуват во историчката сцена и периодот кога ке почнат да ја дефинираат историската сцена како активна сила, поаѓајќи од нивното осново место, формираат еден глобален концепт за светот. Овој концептуализам се развива од една перцепција и познавање на географската средина најноминална кон една перцепција и глобално комплексно познавање. ( стр.131б)
Треба да се има познавање на средината кај државите во подем и не треба да се генерализираат тие што тражат разрешување на неправдата преку употреба на силата и воспоставувањето на екуилибрите во светот.
Национализмот во овој контекст е само пречка кој што негативно влијае врз народот што го применува. Тој го зема предвид историската парадигма и се тргнува кон Другиот како непријател.
Во глобализацијата непријателот не е дефиниран до крајни рамки или намерно е ставен во стихија, за да непредвидено да се интервенира кога интересите на светските корпораци се стават во опасност. Национализмот живее ексклузивно од идејата на постоењето на непријетелот. Другиот е секогаш зол и гледа да асимилира, зема се и да ги робува нив.
Српскиот национализем во Република Српска е дело на нивното постоење од поранешна Југославија и е ориентиран кон конфликти и разделби.
        3. Референдумот на Република Српска
Претседателот на Република Српска, вечниот Милорад Додик најавуваше дека ќе одржи референдум во кој што граѓаните на Република Српска ќе се изјаснаат за тоа дали 9 јануари треба да биде национален празник на Република Српска. Додик секогаш кога најавува нешто, треба да се има предвид, затоа што неговите најави не се така наивни од еден коруптиран политичар.
Гледано од овој аспект, најават на Додик се земаше многу сериозно од меѓународната заедница и институциите во Босна и Херцеговина. Додик се предупредуваше од меѓународната заедница и од инсдтитуците во Босна и Херцеговина да не презема таква мерка што е спротивно на Уставот и законите во Босна и Херцеговина и е противно од Дејтонскиот Договор.
    Во една статија во БалканИнсајд објавено на 17.9.2016 година, пишува дека Уставниот Суд на Босна и Херцеговина го забранува одржувањето на контравезниот референдум.
Уставниот суд на Босна и Херцеговина во саботата донесе одлука за привремено запирање на контроверзниот референдум, затоа што, како што се образложува, со референдумот се оспорува одлука на државна институција, за што РС нема овластувања.Со референдумот, закажан за 25 септември, се доведува во прашање одлуката на Уставниот суд на БиХ, според која прославата на овој празник на тој датум, е дискриминаторски чин кон граѓаните од несрпска националност што живеат во овој ентитет, бидејќи истиот ден се слави големиот христијански празник Свети Стефан. (види во Уставниот суд на БиХ донесе одлука за запирање на референдумот во РС).

Подржано од Руската Федерација и од официален Београд, индиректно и во некои моменти мошне дирекно, се одржуваше референдумот во Република Спрска на 25.09.2016 година.
Со 99,8 проценти беше подржан референдумот во Република Српска.
     Председателот на Република Српска, Мирослав Додик после гласањето во референдумот изјави дека ако некој сака да апси нека ги апсат сите што учествува во референдумот.
Денеска е ден за славење. Веројатно вечерва ќе ги прославувам резултатите, таква е атмосферата. Ќе видиме што ќе се случува наредните денови. Мојот одгoвор е победа на референдумот и ако некој сака да апси, тогаш некаки гу уапсат сите што учествуваат на референдумот, рече Додик.( види во Референдум во Република Српска).

     Европската Унија реагираше кон референдумот на Република Српска преку нивната потпаролка Маја Коцијанчич, велејќи дека референдумот нема законска основа.
Референдумот во Република Српска нема законска основа, бидеjќи Уставниот суд на Босна и Херцеговина одлучи да ја суспендира одлуката, додека не се одлучи за уставноста на референдумот. Овој реферндум не може да ја промени крајната и обврзувачката одлука на Уставниот суд во БиХ. Ние очекуваме и ги охрабруваме инситутциите во БиХ да ги решат сите отворени прашања во рамки на постоечката уставна рамка и преку конструктивен дијалог. Важно е за сите страни да се воздржат од активности што можат да ескалираат и Босна и Херцеговина да се посвети на реформи во економската и социјалната политика што ќе ја приближи кон Европската унија, изјави Коцијанчич. ( види во ЕУ: Референдумот во Република Српска нема законска основа).
Референдумот на Република Српска според потпаролката на Европската Унија може да биде пречка за европскиот пат на Босна и Херцеговина. Ситуацијата може да ескалира и во овој начин ќе се загрози сигурноста на Босна и Херцеговина но и на поширокиот регион.
Новинарот Срѓан Стојанчов во неговата статија Референдумот во Република Српска ги засилува тензиите, објавена на 25.09.2016 година пренесува една изјава од спрскиот премиер Александар Вучич кој рече дека “cите кои мислат дека може да ја освојат Република Српска треба да знаат дека тоа е невозможно, зашто Србија секогаш стои зад Република Српска“.(види во Референдумот во Република Српска ги засилува тензиите ).
Спрскиот премиер јасно кажува за тоа дека Република Србија е спонзор на референдумот на Република Српска во Босна и Херцеговина и на ваков начин е спонзор на сите можни тензии што ќе се случуваат во Босна и Херцеговина и што може да се случуваат во Балканот.
Национализмот е таа врска помеѓу официален Београд и Република Српска кој што происзведува нестабилност и внатрешни тензии во една друга држава и која што заканува пошироко со неговите постапки.
   Во делото Скица на албанската политичка мисла, Хусамедин Ферај ( 2006), албански теоретичар и мислител пишува дека национализмот е политички принцип. Тој пишува:
Концептот народ зема главна улога во разбирањето на национализмот, учењето и дефиницијата на национализмот не зависи од неговото теоретско концептирање ( концептиот народ значи социално општество, концентот национализам е политички принцип) (стр.19)
Национализмот како политички концепт може да се употребува за политички цели, дневни или во подолг период. Таа е стредство преку кое се легализира хегемонијата, етноцентризмот и различните дискриминаторски аспекти на политичкото делување. Национализмот може да корегира и да се само регулира, но не може да излегува од политичкиот лавиринт.
Политичката одговорност во ситуацијата на национализмот се трансформира во национална одговорност. Како резултат на ова, национализмот може да се употребува за иницирање на инциденти, конфликти, војни и девијантни феномени.
Национализмот во вакви размери и дава можност на малите земји да произведуваат мали  диктатори кои што во името на демократијата имплементираат националистичка пропаганда и анти глобална реторика.
  Во делото Криза на албанското муслиманско теологија, Др. Исмаил Барди (2009) пишува за противниците на гловализмот кои што сите лошотии на светот иа препишуваат на глобализмот. Тој пишува:
Противниците на глобализмот и се спротивставуват на овој процес за сите лошотии на модерниот свет за хегемонизацијата на културните форми во глобалното село во кое што живееме, за уништувањето и отуѓувањето на идентитетот на етничките малцинства или народи, за зголемувањето на религиозниот фундаментализам, тероризмот и етничките конфликти, за големото осирумашување на индивидуи и националните држави. (стр.179)
Идејата на противниците на глобализмот е иста како идејата на националистите. Тие за да преживеаат во политичката сцена национализмот го употребуваат како чадор, додека за се го дигнаат палецот кон глобализацијата. Ова можеме практично да го видиме преку многу изјави на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој што кажува јасно и јавно дека не ја сака една Босна и Херцеговина како што ја изградија странците.

    4. Последниците од референдумот во Република Српска
Референдумот на Република Српска помина, но остана стравот од неговите последици кои што можаат да предизвикаат и предизвикуваат тензични ситуации во Балканот. Албанците и србите во Косово имат еден отворен контекст во Северот на Митровица, каде што таму според последните податоци се изградуваше еден цид.
Санџакот на муфтијата Муамер Зукорлич, сегашен пратеник во Парламентот на Република Србија е пред една тешка одлука, дали да продолжи вака до неизвесност или да иде на патот на барањето на автономија.
Промената на локалната власт во Прешево и честите гостувања на албанските политичари во Прешевска Долина кажуваат за новиот интензитет на новите екуилибри во Балканот.
Новите гласови во Нови Сад за автономија во тој дел на Република Србија и отворениот контекст помеѓу Македонија и Грција во врска со уставното име на Република Македонија се реалности од кои што не можеме да избегаме.
Ако на ова и додадеме и проблемот помеѓу Македонија и Булгарија околу идентитетот и мигранската криза која што ги преокупира сите овие држави, референдумот на Република Српска е една добра прилика за нови граници во Балканот. Тоа што не се знае е како ќе пристапат спрските политичари во Босна и Херцеговина, дали ќе го усвојуваат мирниот пат или ќе и се вратат на тој стариот пат на етнички конфликти и војни.
Не требаа да се забораваат и интересите на САД, Турција, Германија и Русија во Балканот, кои што уште повеќе ја отежнуваат ситуацијата.
    Експертот за безбедност, Селим Ибраими, на 14.12.2016 година ексклузивно за овој есеј пишува дека референдумот на Република Српска може да предизвика домино ефект во Балканот. Тој пишува:
Референдумот на Република Српска доаѓа од една тешка фаза на дисфунксионализирањето на Федерацијата и големото незадоволство на српскиот етнитет кон Сарајево. Така, како развивањето на демократијата и корупцијата цветеше во Југоисточна Европа. Апетитите за поделби и унитарните држави во Балканот уште се живи. Времето на референдумите во Балканот уште продолжува да биде актуален на државните политики. Прецедентот на референдумот во Босна и Херцеговина ќе имаше домино ефект за другите етнитети што имат лоша уставна позиција на Балканот. Досега не се излегувани во јавност максималните побарувања на етничките групи на Црна Гора, Прешево,  Санџак и Македонија, но Босна продолжува да го одржуваа во живот сонот за отцепување и нови граници во Балканот експозирано од Големите Сили.(  види во Селим Ибраими: Референдумот во Република Српска ќе има домино ефект во Балканот. ).
Домино ефектот секогаш било присутен во Балканот во сите историски ситуации. Тоа предизвикало многу војни, поделби и меѓуетнички и меѓурелигиозни тензии кои што секогаш завршуваа со договори за неиздржливи нови држави во Балканот.
     Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Миро Ковач на 01.09.2016 изјавува дека Референдумот на Република Српска за Хрватска е неприфатливо. Тој изјавува:
Сето тоа не е компатибилно со некакви референдуми за самостојност и издвојување на Република Српска. Тоа за нас е неприфатливо и очекуваме дека државниот врв на Србија ќе има влијаније врз челниците во Република Српска и ќе ги одвратат од таквите помисли. ( види во Ковач: Референдумот во Република Српска не е прифатлив, очекуваме реакција од Белград ).
И Хрватска која што е дел од Европската Унија, и Босна и Херцеговина и другиот дел од Балканот и Европа со загриженост изјавуват за тоа какви последници може да има еден референдум среде Балканот во една држава како Босна и Херцеговина со нестабилен суверенитет.
Хрватска преку ова изјава се дистанцира од радикалната политика на Милорад Додик и србите во Босна и Херцеговина. Таа дава за знаење дека не може да се реализираат апетитите за големи држави во Балканот кои што предизвикуваат страв и хаотичност во Балканот.
Старите рани помеѓу србите и хрватите не треба да се отворат, затоа што ако тие се отворат тогаш ќе се отвораат многу рани и Балканот нема да личи на полуостров на луѓе туку на животни и паравоени формации.
Проблемот за можните последници на референдумот на Република Српска можеме да го анализираме преку неколку изјави на претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
    Милорад Додик, претседател на Република Српска, на 23.06.2016 изјавува дека босанскиот јазик не постои. Тој изјавува:
Не постои босански јазик. Босанскиот јазик мора да биде творба што би конституивниот народ прави договор дека тој е таков. Тој договор никаде не постои. Тоа што босански народ говоре за босански јазик тоа е унилатерно. Оние можат да говорат што сакаат. Ништо не може да биде босанско ако во неа нема бошњака, срба и хрвата. ( види во Dodik: Bosanski jezik ne postoji ).
И во две наврати тој се повторува дека Република Српска може да се подели од Босна и Херцеговина без употребувањето на сила.
Прва изјава: БИХ е државна заедница на две идентитети. Во тој поглед јас го почитувам Уставот. Јас сум против БИХ како го градат странците, за она што ние не можеме да се договориме. Не сум против Суд и Обвинителство на БИХ, али тоа што сега го имаме на овој начин не е Суд и Обвинителство. Мислам дека е можно да се отцепи РС, тоа е најдобро за бошњаците. Да се разделиме добро и да имаме добри комшиски односи. БИХ је поделена. ( види во ДОДИК ОДЛУЧАН, "ПРАВИМ ДРЖАВУ": Босански водитељ одговара, "неће моћи без рата"! ).
Втора изјава: Српските претставници, во тоа време, не учествуваа во работата на институциите на Босна и Херцеговина. Затоа јас и денес повторувам дека Босна не може да трае како заедничка држава, бидејќи тоа е држава која се одржува во живот, заболена земја што опстојува со помош на меѓународната заедница. ( види во Милорад Додик: „Караџиќ се жртвуваше за Србите“ ).
Додик во овие три негови изјави ја изразува целата национална политика на Република Српска и нивните определби за отцепување и нови граници во Балканот. Тој секогаш зборува јасно за тоа како би можеле да живеат без босанците во една нова држава која што би имала своја војска, граници и суверенитет за сите прашања од интерес за една држава. Би можела да аплицира за зачленување во Европска Унија и во сите меѓународни организации од Исток и Запад.
Но дали босанците ќе дозволуват отцепување на овој дел на Босна и Херцеговина во мирен начин, без војна?
   Сефер Халиловиќ, поранешен началник на армијата на Босна и Херцеговина на 20 септември 2016 година изјавува дека ако некој сака да има отцепување на Босна и Херцеговина, тогаш ќе има војна. Тој изјавува:
И затоа апелирам добро да се размисли. Бидејќи Милошевиќ почина, ЈНА не постои, не постојат илјадници тенкови, илјадници транспортери... Не може Србија да и помогне на РС. Нема да дозволиме некој да ни отцепи половина држава. ( види во Халиловиќ: Ако Република Српска сака да се отцепи ќе има војна ).
     Џевад Галијашевиќ, експерт од Босна и Херцеговина во една изјава за телеграф.мк дадена на 24.09.2016 година кажува дека треба да се има предвид заканувањето на поранепниот началник на армијата на Босна и Херцеговина.
Галијашевиќ смета дека треба да се сфатат сериозно заканите на поранешниот началник во армијата на БиХ, Сефер Халиловиќ, дека ќе го поништи Дејтонскиот договор и дека ќе ја уништи Република Српска. Според Галијашевиќ, зад сето ова стои Бакир Изетбеговиќ, кој е вистинска закана за мирот во Босна и Херцеговина. ( види во ЏЕВАД ГАЛИЈАШЕВИЌ: Референдумот во Република Српска може да биде закана за безбедноста на БиХ ).
Џејмс Лајон,  некогашен службеник во во канцеларијата на претставникот на ЕУ за Босна и Херцеговина,  пишуваше за Форин Полиси за референдумот на Република Српска кој што може да предизвика нова војна во Балканот. Тој во неговата колумна објавена на 27.10. 2015 го обвинува директно претседателот на Република Српска Милорад Додик. Тој пишува:
Референдумот ќе му овозможи на Додик политичко и правно покритие да им нареди на институциите на Република Српска - од државна администрација до даночните обврзници - да престанат да ги почитуваат одлуките на државниот суд, пресуди и одлуки, и да ја опструираат работата на јавното обвинителство. Тоа ќе поништи 20- годишен напредок и ќе започне уништување на правниот систем на БиХ. Иако референдумот се однесува само на правосудството, неговите деструктивни последици се однесуваат, де факто, на прогласување на независност. ( види во РЕФЕРЕНДУМ ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ВОЈНА ).
      Рускиот весник Комерсант на 28.09.2016 оценува дека референдумот на Република Српска ја вовлекува Србија и Русија во конфликт со светот. Таму пишува:
Тоа може да значи дека Москва, после Белград избрала да не влегува во директни спорови околу референдумот во РС и неговите последици. Затоа што поддршката на Додик за неа би значело не само добивање на нова причина за кавга со Западот, туку и заземање на посилна просрпска позиција од таа што ја зазема самата Србија, главниот партнер на Русија на Балканот. ( види во Руски Комерсант: Додик во конфликтот со „светот“ ја вовлекува и Србија и Русија ).
После овие изјави и други, критичарите на референдумот потенцират дека овој референдум е еден почеток за друг референдум кој може да се спроведе во 2018 година за конечно отцепување на Република Српска.




Заклучок
   Во делото Судирот на цивилизациите и новиот светски поредок, Самуел П.Хунтингтон ( 2004), теоритичар, пишува за процесот на Дејтонскиот Договор каде што Милошевиќ ги афирмираше србите од Босна до најважниот фактор на процесот. Тој пишува :
Така како и арменците од Нагорни Карабак, и србите и хрватите во Босна одржа ставови на фундаменталната линија. Како последница на ова, владите на Хрватска и Србија се под голем притисок за да и даваат помош на мировниот процес, се раѓа нови проблеми на нивните односи со босанците. Со помош на големите сили, Милошевиќ ги одведеше србите на Босна во преговори во Дејтон, како дел на неговата делегација. ( стр.496)
    Во делото Исламскиот Идентитет на Европа, академикот Ферид Мухиќ (2013) пишува дека над Босна има многу аспирации од другите. Тој пишува:
Додека босанците нема резервна држава надвор од нивните граници на нивната држава, овие жители на Босна, нивната држава ја поврзува со Србија и Хрватска, и нивниот национален идентитет го чуствува како српски, односно хрватски, што значи дека за нив и Босна и босанците како легитимни сопственици на државата се перцептирани на двоен концепт: Босна како територ во кој што ги изградија нивните аспирации, требаше да се отцепува на првата прилика; босанците како главна пречка на реализирањето на ова цел, требаше да се уништуваат. ( стр.354 )
Новата реалност од референдумот на Босна и Херцеговина треба да ги загрижува сите, не само светските сили кои што изразија загриженост.
Ако не сме доволно зрели да одржиме демократија и толеранција помеѓу нас, тогаш секогаш ќе имаме проблеми кои што можат да бидат катастрофални и фатални не само за главните протагонисти туку и за сите други. Босна и Херцеговина треба да опстои ако сакаме да опстои мирот и стабилноста на Балканот.
САД го осудија остро референдумот на Република Српска и порача да се зачува интегритетот на Босна и Херцеговина.
Марк Тонер. заменикот портпарол на Стејт департментот, преку едно сопштение на 27.09.2016 наведува дека страните во БИХ “да се воздржат од понатамошни акции и од реторика што води кон поделби и да се насочат на потребните општествени, политички и економски реформи “ ( види во САД го осудија референдумот во Република Српска ).
Овие предизвици кои што произлегуваат од политичари како Милорад Додик не се опасност само за Балканот и стабилноста во неа. Туку тие ги заостроуват сите глобални процеси преку различни формации кои што треба да и овозможуваат на Босна и Херцеговина но и на Балканот една инклузија.
Во овој момент со инклузија подразбираме и инфузија за лошата економија и лошиот стандард на живеење во Босна и Херцеговина и во Балканот.
Ова држава и другите во околината има потреба од мешањето на глобалните процеси во нивните национални економи и системи. Без слободна економија и развивањето на нови технологи и новите работни места не можеме да зборуваме за стабилност и проспоритет.
Референдумот на Република Српска е спротивен на овие начела и принципи. Тој само и помогнува на осиромаштувањето на Босна и Херцеговина, но и на самите срби кои што живеат во неговата територија.
Користена литература
Ahmet B.Amir (2009), Atlasi i botës Islame, Logos-a, Shkup, f.140
Bardhi Ismail (2009), Krizë e teologjisë muslimane shqiptare, Logos-a, Shkup, f.179
Davutoglu Ahmed (2005), Transformimi qytetërimor dhe bota muslimane, Logos-a, Shkup, f.195
Davutoglu Ahmed (2010), Thellësia strategjike, Logos-a, Shkup, f.366
Davutoglu Ahmed (2010), Thellësia strategjike, Logos-a, Shkup, f.367a
Davutoglu Ahmed (2010), Thellësia strategjike, Logos-a, Shkup, f.131b
Hobsmaum Erik (2012) Kombi dhe nacionalizmi nga viti 1870, Pegi Tirane, f.21
Huntington P.Samuel (2004),Përplasja e qytetërimeve dhe ribërja e rendit botëror , Logos-a, Shkup, f.496
Мuhiq Ferid (2013), Identiteti Islam i Evropës, Shkup, Logos-A, f.354
Ferraj Hysamedin (2006), Skicë e mendimit politik shqiptar, Pegi Tiranë, f.19


Дваесет и една година од потпишувањето на Дејтонскиот договор,  пристапен во
Република Српска, пристапен во
Уставниот суд на БиХ донесе одлука за запирање на референдумот во РС, пристапен во
Референдум во Република Српска, пристапен во
ЕУ: Референдумот во Република Српска нема законска основа, пристапен во
Референдумот во Република Српска ги засилува тензиите, пристапен во
Selim Ibraimi: Referendumi i Republika Srpska në Bosnje do të kishte efekt domino në Ballkan, пристапен во http://hamdi-nuhiju.blogspot.mk/2016/12/selim-ibraimi-referendumi-i-republika.html
Ковач: Референдумот во Република Српска не е прифатлив, очекуваме реакција од Белград, пристапен во
Dodik: Bosanski jezik ne postoji, пристапен во
ДОДИК ОДЛУЧАН, "ПРАВИМ ДРЖАВУ": Босански водитељ одговара, "неће моћи без рата"! (ВИДЕО), пристапен во
http://www.balkaninsight.com/en/page/page-not-found-404




No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...