Thursday, March 16, 2017

Неодговорното известување на електронските медиуми во Македонија


Хамди Нухију

Вовед
Во Република Македонија во последните години електронските медиуми се во подем. Последното истражување на ИРИ покажува дека дури 37 % од граѓаните на Република Македонија за политичките настани се информираат од електронските медиуми. Според ова истражување електронските медиуми доаѓат веднаш после телевизиите што значи дека се вистински предизвик.

Во последната година смартфонот за сурфирање на интернет го употребувале 81 проценти на сите корисници на интернет во Македонија од кои 92 проценти се од 15 до 24 години. Податоците од Еуростат покажуваат дека Македонија со овој параметар е нешто подобро од европскиот просек што е 79 проценти.
Влијанието на електронските медиуми може да оди во погрешен правец. И наместо да се информира публиката реално за сите настани во и надвор од Република Македонија, таа може да се дезинформира, се прошируваа страв кај граѓаните и пропаганда за политичките партии.
Во контекст на етиката и опшествената одговорност електронските медиуми треба да бидаат професионални како и другите медиуми, опшествено одговорни за да не потклекнуваат на игри и закани кои што можат да предизвикаат паника кај граѓаните.
Во делото Етика во новинарство, Дејан Донев (2011), универзитетски професор пишува дека: “ Денес медиумите имаат незаменлива улога во модерното демократско и плуралистичко општество. Тие се еден од факторите кои го овозможуваат воопшто неговото функсионирање.”(стр.154)
Иако се знае дека без две извори на информации не може да се објавува вест, за жал во електронските медиуми, поголемиот дел од нив има вести и објави што се базираат на дезинформации. Тие немаат ниту еден извор на информација и како резултат на ова неодговорно известуваат и комуницираат со публиката.
 За да биде еден електронски медиум професионален треба да има вработени кои што се пријавени, да регистрира фирма, плаќа даноци, да има седиште, контакт и адреса каде што луѓето можаат да контактираат.
жално е да кажеме дека поголемиот дел на електронските медиуми особено на албански јазик не се регистрирани како фирми, немат пријавено работници и работаат на црно.
Со неколку примери ќе илустрираме за неодговорното и не етичкото известување на електронските медиуми во Република Македонија. Исто така за споредба ќе покажеме со факти и аргументи и за одговорното известување на електронските медиуми во Република Македонија. Не е се црно во сферата на електронското новинарсвто.


1. Што е етика во медиумите?
За да пишуваме за етиката во медиумите прво треба да резбереме добро што значи воопшто етика?
      Во статијата Етиката предизвик за третиот милениум, Али Пајазити, Муртезан Исмаили и  Ментор Хамити пишуваат дека зборот етика е грчки и значи на традицијата, каноните и законите:
Зборот етика доаѓа од грчки ethosжethikos, што значи на традицијата, каноните и законите. Според Британската Енциклопедија етиката е гранка од филозофијата што се занимава со основните вредности на луѓето, го одредува квалитетот и темелот на делата или однесување кои што од агол на моралот се добри или лоши, прави или грди. Мериам Вебстер во Collegiate Dictionary етиката ја опишува како дисциплина која има врска со доброто и злото и морални обврски како збир на принципи и морални вредности, како систем на морални вредности,принципи на однесување кои се регулира поединец или група, како за управување со филозофија (Водечки филозофија).  Етиката е наука за моралот или етосот. ( стр.3)
Етиката е систем на вредности кои што имаат една многу тенка линија со моралот. Во светот во кој што живееме системот на вредности се преименува и се оградува и доградува во многу фази. Човекот веќе не може ни да претпостави еден вредносен систем што е статичен и ист. Можеби и ќе се чудиме со трансформацијата на вредностите.
Ако во минатото вредност беше таткото да биде глава на семејството и да одлучува за иднината на семејството, во модерното време во борбата за егзистенција и во процесот на одлучување за иднината на семејството активно учествуваат сите членови на семејството.
Во делото, Критериуми или светлата на патот, Фетулах Гулен (2003), исламски мислител, пишува дека моралот не се разбира исто во денешно време како и во минатото:“ Во денешно време, моралот конечно не се разбира така како што се разбираше во минатото, како една целина на вредности. Денешниот човек бара да го разбираа тоа повеќе во форма на етиката и опшествената едукација. Камо ли да го видевме моралот кај секој човек и во ова форма!”( стр.163)
Моралот е една менувачка категорија која што во себе содржи вредности неменливи во секоје време. Да се направи добро, да се работи професионално и одговорно е една вредност која што никогаш нема да се променува. Можеби името може да се трансформира но содржината никогаш.
Во делото Аналетки, Конфучиј (2016), кинески филозоф, пишува дека : “ Величествениот човек го наклонува своето внимание кон она што е радикално. Според тоа се развиваат сите конкретни патеки. Синовата почит и татковата покорност!- зарем тие не се коренот на сите добронамерни дела?” ( стр.5)
Доброто е секогаш радикално ако се спореде со лошото. На човекот и се отвараат сите патеки на доброто и моралот ако ги избегнува лошите мисли и лошите навики. Непочитувањето на работното време, кодексот на етика и морал е дел од контигентот на лошите работи. Извршувањето на работите навреме и професионално без претерувања и манипулации значи задоволство за себе но и сигурност за друштвото.
  Во делото Речник на социологијата, Али Пајазити (2009), универзитетски професор и социолог етиката ја одредува како систем на вредности:
Зборот етика се употребува за да ги именуваме системите или теориите со вредности или морални принципи. Главната разлика помеѓу етиката и моралот, концепти овие многу блиски еден со друг, е тоа што етиката е дициплина што опширно се занимава со моралот. Во овој контекст може да се каже дека етиката е синоним на филозофијата на моралот. Значи етиката е еден филозофска рефлексија, што ги рефлектира моралните убедувања и практики. Разликата помеѓу етиката и моралот е исто како разликата помеѓу музикологијата и музиката. ( стр.156)
Лошото однесување, работење, и лошите односи со луѓето доаѓаат од личната суета и личноста на човекот. Лошото не е производ и извор од Господ.
  Во делото Принципите на филозофијата, Рене Декарт (2011), филозоф и мислител, пишува дека лошото доаѓа од самите себеси а не од Господ:
Првата особина на Господ е неговата абсолутна вистинитост и тоа дека тој е извор на сите способности, па така едноставно е незамисливо да не измами и да биде пришина за грешките на кои постојано сме подложени. Иако способноста за измама се чини дека е обележје на деликатноста на умот кај луѓето, сепак, без никаков сомнеж, волјата за измама може да биде поттикната само од злобата, од стравот или од слабоста, па поратди тоа не може да му се припише на Господ .(стр.38-39)
Господ не оставил слободни во овој свет, но ние треба да се однесуваме според неко норми и правила на живеење. Правото на живот и соживот со другиот никој не може на никој да му го загрозуваа. Правото да заработи, живее и применува систем на вредности не може да се успорува. Овој карактер на човекчото однесување се одразува до моментот кога не се влегува кај другиот. Кога се поминува границата, тогаш ќе се рефлектира една логична дихотомија.
    Во делото Принципи на моралот, Дејвид Хјум (2015), мислител, пишува дека древните филозофи на моралот гледаат како на нешто што произлегува од вкусот и чуствата:
Древните филозофи макар што често потврдуваат дека доблеста само се надоврзува на разумот, во принцип гледаат на моралот како на нешто што произлегува од вкусот и чуствата. Од друга страна, пак, нашите современи мислители, макар пто и тие многу зборуваат за убанивата на доблеста и за грдоста на порокот, како да се трудат да ги објаснат тие разлики преку метафизичко резонирње и извлекувајќи заклучоци од најапстрактните принципи на она што се подразбира. (стр.9)
Од ова гледиште можеме да разбереме дека моралот произлегува од вкусот и чуствата. Човекот има вкус и чуства кон нешта. Ако беше сам во светот не можеше да почуствува ништо. Но тој е едно опшествено битие кој што живее и се развива во склоп на моралните и опшествените вредности. Слободата на другиот не може да се потценува со тоа дека според вкусот и чуството ти го карактеризираш неговата слобода како штетна за тебе.
Моралот не може да се изразува во општеството без комуникацијата. Треба да се има двонасочен  сигнал на давање и примање на информации и вредности.
   Во делото Уметноста на лубовта, Ерих Фром (2011), психоаналитичар, пишува дека за човекот познато е само минатото и смртта:
Човекот може да напредува само доколку го развива својот разум, доколку пронаоѓа нова хармонија, и тоа човечка, наместо претчовечка, која е неповратно загубена.
Кога човекот ќе се роди, целата човечка раса и единката се исфрлени од ситуацијата што била определена, така како што биле определени инстинктите, а тој бидува фрлен во ситуација што е неопределена, несигурна и отворена. Постои сигурност само за минатото, а за иднината, само кога е во прашање смртта. (стр.13)
Кога се сигурни само минатото и смртта тогаш зошто во овој несигурен свет да постои неодговорното однесување?
  Во делото Реторика, Аристотел (2010), филозоф, го опипуваа пријателството:
Она што го прави пријателскиот став е добротворноството ( добро дело, услуга) направено без молба и без нагласување дека такво нешто е направено бидејќи во спротивно, би било очигледно дека доброто дело е извршено заради извршителот, а не заради нешто друго. ( стр.102)
Исто така во ист правец се и мислите и идеите за пријателството и доброто на Марк Аврелиј и Мишел де Монтењ.
   Во делото Медитации, Марк Аврелиј ( 2011), филозоф, пишуваа за доброто и ползата од доброто:
 Никој не се изморува од примањето некакви подароци или ползи за себе. А ползата е таква дејност која и одговара на човечката природа. Не дозволувај никогаш да ти биде здодевно или да се измориш барајќи и правејќи нешто што ќе им користи на другите. ( стр.83)
    Во делото За пријателството, Мишел де Монтењ (2014), го опишуваа пријателството на ваков начин:
 Она што ние го нарекуваме пријатели и пријателства не се ништо повеќе од познанства и блискости кои се создале заради некоја угодност или случајно и преку кои нашите души се поддржуваат една со друга. Во пријателството за кое зборувам душите се измешани во една универзална смеса и го пополнуваат работ каде што се споиле за да не може да се види. ( стр.16)
    Во статијата Зошто медиумската етика?, објавувана на 06.03.2010 година пишува:
Она што зачудува е континуираниот недостаток на свест за фер однос кон сите инволвирани страни во медиумските стории. Додека не се истражи случајот, и додека соодветната комисија или тело кое треба да го испита целосно, идентитетот на лицето мора да биде заштитено, наведено во иницијали, а сите обвинувања наведени како „наводни“ или според „тој и тој“. Во многу други средини и по авршување на истрагите имињата не се објавуваат, за да тоа лице не биде стигматизирано во текот на целиот живот, но за нас таа фаза е далеку од реалноста.
      Во делото Етика во новинарство, Дејан Донев (2011), универзитетски професор пишува дека моралната одговорност на медиумската публика на е намалена:
Без оглед на фактот дека медиумите со своето можно влијание, делумно ја пасивизираат, а делумно ја активизираат публиката, моралната одговорност на публиката не е намалена. Етиката на публиката имплицира свест на публиката за квалитетот на содржините на медиумите, барањата за квалитет на медиумите, како и спремност да се игра активна улога во однос на влијанието на медиумите. Во тој поглед, етиката на публиката е блиска на медиумската педагогија. ( стр.160 а)

Етиката во медиумите треба да се подразбира како опшествено одговорно однесување на медиумите, новинарите, едиторите и публиката. Ако таа не функсионираа како што треба тогаш може да настане криза во општеството во које што ќе се затегнуваат многу страни и пошироката јавност.

    Во делото Вовед во науката за публицистика и комуникаци, Михаел Кунчик и Астрид Ципвел (1998) пишуваат дека да се работи етички треба да се избераат правилно средствата:

Да се работи етички одговорно значи не само правилно да се одбираат средствата за постигнувањето на целите, туку и да се одмеруваат и целите, односно вредностите. Не треба да се земат предвид само директните ефекти на едно дејствување, туку и индиректните, односто, треба, на пример да се калкулираат и други цели и вредности. ( стр.87)

   Во статијата Етика во веб новинарство, Александар Митич ( 2010) пишува за четири врсти на етички проблеми:
      a) И кога не ги знаете сите информации
      б) Лоши извори или негов недостаток
      ц) Дезинформација
      д) Спининг на ПР Агенција. ( стр.153-154)




2. Што се електронските медиуми?

Електронските медиуми го трансформираа новинарството. Брзиот развој на интернетот го предизвикуваа традиционалното новинарство и во некоја форма ги принудува да се приклучуваат на трендовите на интернетот.
Интернетот денеска е главна алатка на проток на информациите. Телевизиите, радијата и печатените медиуми веќе презема простор во интернет. Тие што не можеја да се прилагодуваат со новите трендови одеа засекогаш во историјата.

   Во статијата Улогата на интернетот и новите медиуми на кризата на новинарската професија, др.Сања Домазет Даничич ( 2014), пишува дека онлајн новинарството го променило и природата и суштината на новинарсвото:

Општо познато е дека онлајн новинарството го променила и природата и суштината на новинарската професија. Пол Бреџо кажува дека новинарството е до клучни промени. Тој тврди дека учествувањето на публиката во стварањето на медијската содржина, дека читачи, гледачи и слушачи сега не се само корисници, туку активни соработници и креатори на текстови, аматерни новинари кои со мобилни телефони може да снимаат и фотографираат и да креираат блогови на интернет, така што читачи сега се трансформираат во улогата на новинар. ( стр.221)
Ова трансформација на новинарството имаше директно влијаније и на културата на комуницирањето и употребувањето на социланите медиуми.
   
  Во приручникот Интернет Новинарство, приредувано од уредниците, Сергеј Новосел, Хрвоје Белани, Сандро Новосел ( 2006) пишува за клучните особини на електронските медиуми:
   a) Децентрализација на структурата
   б) Интерактивност
   ц) Непредвидена количина на информации
   д) Ориентација на корисниците. ( стр.2)
Електронските медиуми имаат особини на децентрализација на структурата, интерактивност на публиката, ориентацијата на корисниците и непредивдената количина на информации. Овие трансформации олеснуваат многу за проширувањето на сферата на новинарството и унапредувањето на медиите. Обичниот читател може да објавува разни информации и да влијае директно во креириањето на јавната политика.
  Во статијата Вовед во веб новинарството,  Александар Митич(2010) пишува за развојот на веб новинарството:
Со појавата на интернетот, новинарството доживуваше суштински текнолошки, социални,економски и културна трансформација. За медиумите што не биле спремни да го приватат интернетот, доживуваа голема штета и стагнација. Оние другите медиуми што ја разбираа неговата суштина им се даваше големо шанса и се отвораа многу хоризонти. Експлозијата на информативните сајтови секој ден го менува новинарството. Интернет како средство за информирање работи подобро од печатените медиуми, радио и телевизија, бидејќи истовремено може да работи и како радио, сликовит како телевизија и постојано да анализира како печатените медиуми. ( стр.9а)

 Во делото Дискурс на агенциско новинарство, Динко Грухоњич (2011) пишуваа дека интенрет порталите ги користат техничките предности:

За разлика од печатените медиуми, радиото и телевизијата, информативние интернет портали немат проблем ниту со органичувањето на времето на емисијата ниту со просторот како во печатените медиуми. Овие портали без проблеми можат да објавуваат агенциски вести дури и тогаш кога се поголеми од обичниот стандард. Интернет порталите ја користат техничкиот предност која ја имаат а пред се линковите. ( стр.158)









3. Лоши примери на неодговорно медиумско известување
Употребувањето на просторот на електронските медиуми треба да се врши според принципите на етиката во медиумите и кодекс на етика. Ако тоа се употребува само од логиката на кликовите и придобивките од тие кликови тогаш многу брзо може да се прошируваат многу дезинформации и да се креираат панични ситуации.
На 22.03.2016 година во 11 и 40 мин е објавена информацијата во Лајмпресс со наслов: “Војна” во Скопје помеѓу полицијата и четири луѓе, две полицајци се повредени.
Во ова објава се зборува за моментот кога полицајците се обидуваат да лишаат од слобода четири луѓе. И како резултат на ова овие луѓе кон полицијата маваа со секира. Според Лајм, две полицајци се повредени.
Насловот на ова објава можеше да нема внатре војна бидејќи во ситуацијава во која што се наоѓа Република Македонија употребувањето на терминот војна од страна на медиумите за ваквите настани може да подразбира како потренување на страстите и давање потик на меѓуетничките тензии.
Во една ситуација кога се зборува против албанците, се протестира против албанскиот јазик и се дискутира за унитарноста на државата потикната од дневните политички интереси на политичките партии само малку бензин треба за да се прошируваа огнот на омразата и меѓуетничките тензии.
Медиумите треба да се употребуваат за згаснување на огнот а не за проширувањето. Ако медиумите работат според професионалните стандарди и норми и се опшествено одговорни во нивното работење тогаш би немало потреба од вакво известување.
На 30.09.2016 година во 11 и 42 мин во Лајмпресс е објавена информацијата со наслов:” Митко Чавков ги прикажува во терен специjалните единици, се подготвува за војна”.
И во внатрешноста на ова објава стои ова информација:”Министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на УБК Љупчо Андоновски со претставници на потесниот колегиум во касарната Илинден и Ѓорче Петров денес ги посетија специјалните единици на МВР – ЕСЗ (Единица за специјални задачи) и ЕБР( Единица за брзо распоредување).
 За време на посетата беа реализирани активности согласно програмата за работа и обука на единиците, а воедно беа опфатени и тематски содржини од делокругот на специјалните обуки и материјално-техничките средства неопходни за успешна реализација на активностите и планот за работа на единиците.”
Внатрешноста на ова објава со насловот нема никаква допирна точка. И после тие активности немаше никаква војна во Македонија. Само тензија и пропаганда во склоп на не етичкото известување на настаните во Република Македонија.
Со овој наслов, Лајмпресс би претпоставувале дека можеа да предизвикуваат две ефекти:
a) Уплашување на албанците и нивното ограничено движење и
б) Бегањето на албанците од Македонија заради страв од нова војна.
И првиот и вториот ефект дали е во линија на албанските интереси?
На 20 февруари 2017 година во 21 и 46 минути во дневникот Вечер се објавуваше веста со наслов: ”Жалбата е одбиена: Неимар две години зад решетки!”
И во внатрешноста на ова објава стои ова информација:”Жалбата на Сантос, Барселона, Неимар, неговата мајка Надин Гонсалвеш и компанијата „N&N“ да се отфрлат обвиненијата за измама и корупција е одбиена. На оваа одлука истите немаат право на жалба, се наведува во соопштението на судот.
Шпанското обвинителство бара од Националниот суд во Мадрид фудбалерот на Барселона, Неимар да биде казнет со две години затвор и парична казна од 10,6 милиони долари, а исто така и клубовите да бидат казнети со девет, односно седум милиони долари.
Постапката е покрената по жалбата на бразилскиот инвестициски фонд ДИС, кој беше сопственик на 40% од правата на Неимар. Тој фонд тврди дека е ускратен од правото на надополнување во текот на трансферот на Неимар од Сантос во Барселона.
Барселона тогаш наведе дека трансферот е вредден 57,1 милион евра, дека на Неимар му припаднале 40 милиони, а на Сантос 17,1 милиони од што компанијата ДИС добила 6,8.
Меѓутоа од шпанскиот суд велат дека трансферот вредел 83,3 милиони, поради што и се жали ДИС бидејќи смета дека Барселона го сокрила вистинскиот износ и исплатила помалку пари.
Тоа значи дека и да е прогласен за виновен, Нејмар нема да оди во затвор, со оглед на тоа дека претходно не бил осудуван. Исто така, тоа значи дека Неимар нема да мора евентуално да ја напушти Барселона. “
Читателот кој што е лубител на Барселона кога ќе ја прочита ова објава сигурно ќе има на ум две прашања:
а) Дали Неимар две години ќе биде зад решетки?
б) Зошто Неимар нема да оди во затвор?
На 09.02.2017 година е објавена информацијата во Ина Онлине со наслов:” Овој е политичарот што се спекулира дека земал 5 милиони евра за формирање влада”.
И во внатрешноста на објавата се пишува дека еден од раководителите на Алеанца за албанците, Зијадин Села се спекулира дека се и понудени 5 милиони евра за да биде дел од власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Веста се базира на партиски извори според кои Села не прифатил таква понуда што и се дало од ВМРО-ДПМНЕ.
Читателот ќе се чуди со намерата на новинарот на ова објава. Зборот се спекулира, и се дале пари, понуда, не примил, плус и минус во исто место. Ова е направено чисто за кликнување но на ваков начин се потценува новинарската професија.
Овдека можеме да поставуваме две клучни прашања:
a) Која е придобивката на читателот? и
б) Што се постигнува со ова?
   Во делото Опшествен Договор, Ж ан Жак Русо (2013), филозоф, пишува за тоа дека луѓето се принудени да се потчинуваат:
Се додека луѓето се принудени да се потчинуваат и се додека се потчинуваат, прават добро, по штом ќе можат да се ослободат од јаремот, и се ослободуваат, тоа е уште подобро, зашто повраќајќи си ја слободата преку истото право со кое им била одземена, тие или имаат право да ја продолжат или не постои оправданост за нивното лишување од неа.(стр.9)
Треба да се има предвид надворешното или законската регулатива за да луѓето бидаат принудени да се потчинуваат за да направаат добро и да не претеруваат.
Еден електронски медиум од Косово, Газета Невборн кој што се повикува на Дневникот Коха од Македонија, има објавено една вест со наслов:”Војна” помеѓу албанците и македонците во Скопје.
И во внатрешноста зборуваа за нападот на Комитите од спорстиот натпревар помеѓу Вардар и Шкендија. Како резултат на тој напад, четири државјани на Косово се повредени.
Иако овој напад се осветлуваше од МВР и хулиганите се под решетки, новинарот во ова објава сакаше да зборува за војна помеѓу албанците и македонските.
Значи во логиката на овие новинари и да нема војна и потреба од војна помеѓу албанците и македонците треба да се најде начин како тој збор да се употребуваа.



4. Добри примери на медиумско известување
На 11 март 2017 година, новинската агенција Мета објавуваше една тема со наслов: ”Поглед од Албанија: Quo Vadis Macedonia?
Во ова тема се анализирани политичките процеси во Република Македонија погледано од аголот на аналитичарите, медиумските работници и политичарите од Тирана и Приштина. Без никаква тенденција може да се извлече мислењето на албанците надвор од Македонија за сите случувања внатре во Република Македонија.
Во ситуацијата кога еден дел од медиумите зборува против албанската платформа, албанскиот јазик, против федерализација, Тирана и Приштина, да прочиташ вакви анализи е ретко.
На 11 март 2017 година, Порталб објавува една вест со наслов:” Зекири: Албанските гласови во СДСМ резултира со албанската платформа”.
Кога голем дел од електронските медиуми на албанците во Македонија пропагандира против пратеникот Мухамед Зекири, Порталб се избори за тоа да известуваа без предрасуди и објективно.
На 11 март 2017 година во Анадолу Агенци на македонски јазик се објави едно интервју со Мухамед Зекири со наслов: Зекири за АА: Се што ќе се преземе ќе биде во насока на мирно примопредавање на власта”.
Иако во внатрешноста на интервјуто се зборувало за многу жешки теми, сепак уредниците на Анадолу Агенци не сакале сензационални наслови. На многу удобен начин без навреди и линчувања тие правеле интервју со еден од главните протагонисти од албанците во СДСМ и земале одговор на теми што албанските политичари во Република Македонија ретко се определуваат за одговор.






Заклучок

Во Република Македонија постои Совет за етика во медумите кој што според целите што можат да се најдат на неговата интернет страница, можеме да разбереме дека тие имаат за цел да го елиминираат неодговорното известување на медиумите.
Целите на Советот на етика во медиумите на Република Македонија се:
• Заштита на слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана,
• Спречување на влијанието на државата, политичките партии и другите центри на моќ врз медиумите,
• Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за медиумските содржини,
• Промовирање на квалитет во медиумските содржини усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и новинарите,
• Подигање на свеста на јавноста за професионалните и етички стандарди кои медиумите треба да ги почитуваат,
• Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката,
• Олеснување на пристапот на публиката до медиумите,
• Унапредување на етичкиот кодекс на новинарите и
Според Етичкиот Кодекс на новинарите, новинарите треба да ги почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди во пренесување на информациите.
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Иако е регулирано медиумското преставување со етичкиот кодекс и со функсионирањето на Совет на Етика во медиумите, сепак според примерите што ги броевме погоре, можеше да се гледа многу лесно дека етичките вредности и професионалните стандарди не се почитуваат во електронските медиуми.
Медиумите се сила во светот на информирањето. Дваесет и првиот век е век на информациите. Тој што ги има прв информациите тој победува. Кога го имаме на ум ова, треба да се земе предвид и регулацијата на медиумите во контекст на опшествената одговорност и почитувањето на етичките вредности.
Во Република Македонија треба да се применува концептот на опшествената одговорност и во сферата на електронските медиуми. Се креира впечатокот дека електронските медиуми од страна на државата и политичките парти намерно се оставени не регулирани за да полесно се манипулира со нив.
Кога ситуацијата во електронските медиуми е во каос, тогаш е многу проблематично да се зборува за опшествена одговорност.
Ако тражиме во одлуките на Советот на Етика во медиумите, може да видиме од тие одлуки дека најмногу етичките кодекси и вредности не ги почитуваат електронските медиуми кои што се регистрирани како фирми и функсионираат во склоп на законите.
Ова подразбира дека малиот број на електронските медиуми што се регистрирани како фирми и дава на нив лукс да делуваат како сакаат. Затоа првата работа што треба да се преземе е да се трансформираат црните електронски медиуми, кои што се надвор од законите. Тие треба да се регистрираат како фирми и да ги почитуваат законите и деловникот за работа во сферата на електронските медиуми.












Користена литература:
1.  Донев Дејан (2011), Етика во новинарство, Скопје, Универзитетот Свети Кирил и Методиј
2. Gulen Fethullah (2003), Kritere ose dritat e rrugës, Tiranë
3. Конфучиј (2016)Аналетки, Скопје, Ѓурѓа
4. Декарт Рене (2011), Принципите на филозофијата, Скопје, Ѓурѓа
5. Хјум Дејвид (2015), Принципи на моралот, Скопје, Ѓурѓа
6. Фром Ерих (2011)Уметноста на лубовта, Скопје, Ѓурѓа
7. Аристотел (2010)Реторика, Скопје, Ѓурѓа
8. Аврелиј Марк ( 2011)Медитации, Скопје, Ѓурѓа
9. Монтењ  де Мишел (2014)За пријателството, Скопје, Ѓурѓа
10. Жан Жак Русо (2013), Опшествен Договор, Скопје, Ѓурѓа
11. Pajaziti Ali (2009), Fjalor i sociologjisë, Shkup, Logos-a
12. Михаел Кунчик и Астрид Ципвел (1998), Вовед во науката за публицистика и комуникаци, Скопје
13. Gruhonjić  Dinko ( 2011), DISKURS AGENCIJSKOG NOVINARSTVA, Novi Sad
14. Mitic Aleksandar (2010), Etika u veb novinarstvo, Beograd
15. Sanja Domazet Daničić( 2014), Uticaj interneta i novih medija na krizu novinarske profesije, Mediji i komunikacije, 1.2014, Bijelo Pole, Crna Gora
16. Зошто медиумската етика?, објавувана на 06.03.2010 година (http://komunikacii.net/03/06/mediethics/  )
17. Али Пајазити, Муртезан Исмаили и  Ментор Хамити  , Етиката предизвик за третиот милениум, (http://www.el-hikmeh.net/14/files/etika_sfide_e_mileniumit_te_trete_-_ali_murtezan_mentor.pdf)
18. Mitic Aleksandar (2010), Uvod u veb novinarstvo, Beograd
19. Sandro Novosel, Sergej Novosel, Hrvoje Belani (2006), Internet-novinarstvo, Križevci, P.O.I.N.T.









No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...