Sunday, March 19, 2017

Мултимедиалноста во електронските медиуми во Република Македнија

Хамди Нухију

Вовед
Мултимедиалноста во медиумите во Република Македонија е новина која што уште не е разбрана како што треба од страна на новинарите, бизнис сферата и медиумската публика.

Медиумите во Македонија функционираатна тој начин, што не ги комбинираат сите елементи на мултимедијалноста. Практиката покажува дека иако тие работат во тешки услови, по “приннципот„ на копи паст постојат на пазарот.
Медиумите имаат големо влијание во современите општества и служат за поврзување со светот. Развивањете на технологијата лесно и брзо овозможува емитувањето на вести во секој дел од светот, а во иднина многу повеќе на ваков начин ќе се овозможува лесен пристап до посакуваните информации. Сите имат право на информации и слобода на говорот што е од голема важност.
   Во книгата Визуелни Комуникации , Жарко Паиќ (2013) пишува дека медиумите се повеќе од средство/цел:
Медиумите се повеќе од средство/цел на визуелните комуникации. Тие се деконструирана реалност на техничката слика што го конструира светот како медиумски простор-време на хиперпродукцијата и хиперпотрошувачката на информации. Деконструирана реалност значи дека техничката слика , која се темели врз репродукција на изворникот конструира нов вид “реалност”. Чинот на деконструкција истовремено е нова конструкција. ( стр.136)
Денес медиумите се главен извор на информациите, знаењата, култура и забавата, битен елемент на секојдневниот живот.
За да се познава современиот свет треба да се разбераат и познаваат медиумите.
Мултимедијалноста значи дека еден медиумски производ во себе содржи видео, текст, фотографија и звук, сите елементи што се употребуваат во традиционалните медиуми.
Новите медиуми за разлика од традиционалните, со помош на техничките леснотии можат да ги применуваат во исто време сите елементи и форми на медиуми. Истовремено можеш да се пишува анализа како во печатените медиуми, да се емитуваат радио вести и да се произведуваат видео вести, кои што можаат да го креираат јавното мислење.
Во новите медиуми активно може да учествува и граѓаните како новинари, со нивните видео стории видео или со обајвување на различни вести.
Од анализата на содржината на 6 нови медиуми во Република Македонија, 3 на македонски јазик (plusinfo.mk, meta.mk, kurir.mk) и три на албански јазик (zhurnal.mk, tetova1.mk, lajmpress.mk) можеме да констатираме дека мултимедиалноста во онлајна сферата во Македонија е многу малку развиена.
1. Медиа и Мултимедиа
Кога зборуваме за медиум мислиме само за една функција на информирање на јавноста. Додека, мултимедија сорджи во себе повеќе функции и можности за пренесување на информациите. 
            Во статијата што се медији? Аница Мрдаковиќ (2008) медиумите ги опишуваа како масовно комуницирање преку различни медиумски елементи:
 Зборот медија е израз што доаѓа од латискиот збор медиум, што значи нешто што е во средина, односно нешто што претставува средина. Главната задача на медиумите е да се пренесат различни информации на широката јавност. Медиумите можаат да се опишуваат како масовно комуницирање. Медиумите претставуваат комуникација на луѓе преку различни медиумски елементи: весник, телевизија, интернет и многу други.
            Медиумите се средство што го поврзуваат светот преку различни информации. Значи тие секогаш се во средина помеѓу два света.
            Во делото Основи на мултимедиални технологии, др.Зоран Бојкович и др. Драголуб Мартинович ( 2011) ги опишуваат мултимедиалните технологи:
Медиум е средина ( воздух, вода ) според која нешто се преносува. Скратенката мулти, преставува мултипл, мултимедиа значи средство на комуникација со повеќе од еден медиум. Мултимедиална технологија е движечка сила која што со неговите поволности и овозможува примена на корнисниците. Се работи за интерактивен говор, аудио, видео, графика, текст, да поврзуваа информациона технологија во врска со комуникацијата, внатрешна техника и процесира сигнал во една интердициплинарна целина.
Анализирајќи ја  проблематиката на мултимедиалната технологија треба да се земе предвид:
Континуалниот тренд во дигитализацијата
Брзото ширење на дигиталната мрежа и интернетот
Конвергацијата на различни технологии вклучувајќи и комуникацијата, дистрибуцијата на дигитални медиуми и информациска технологија
Појавата на новите комуникациски сервиси и примената на безжичната технологија
Подемот на мултимедиалната комуникација во реално време како проширен систем на мономедиални систем. ( стр.1)
            Мултимедиа содржии ги поврзуваа информациите во различни форми. Ако во медиумите традиционално информациите се пренесуваа со зборот утре, во мултимедиата зборот утре е заменет засекогаш со сега или моментот кога се случува настанот, а вестат за истата во реално време се пренесува.
    Во статијата Мултимедија, хипермедија, мобилни уреди, маркетингот, Д-р Ристо Христов, Д-р Сашо Гелев, Јелена Горѓев, Мартин Милосвлјев-Апостоловски го објаснуваат поимот мултимедија:
Поимот мултимедија (multimedia) потекнува од латинските зборови multus (многу, повеќе)) и medium (медиум, средина центар, посредник), што во слободен превод значи многу (повеќе) медиуми. Постојат најразлични дефиниции за поимот мултимедија. Секоја од нив мултимедијата ја дефинираат од свој апсект. Мултимедијата е заеднички назив на множество медиуми кои така се комбинирани да прават една функционална целина, а во основа се самостojни содржини. Мултимедијата претставува информација припремена или претставена во комбинација од текст, графика, звук, анимација и видео обединети со помош на компјутер. Во обичниот говор мултимедијата претставува интерактивна компјутерски поддржана апликација која на корисникот му овозможува да гледа и слуша различни информации преку еден ист екран. Всушност секоја презентација која вклучува во себе елементи од повеќе медиуми - графика, цртеж, слика, звук, видео запис, анимација, текст обединети со помош на компјутер, се смета мултимедиска. ( стр.1)

            Во дипломската теза Претпоставка за развој на примарно медиумско образование во Хрватска , Синиша Медвед (2015), студент, пишува за тоа дека говорот е првиот медиум што е користен од човекот.
Првиот медиум што луѓето ги користеле е говорот. Преку говорот се развивале сите други медиуми кои денеска се користат како средство за комуницирање. Сите медиуми што во минатото се користеле се користат и денеска само со други поразвиени техники и технологии.
Секој медиум има свој посебен јaзик, но на сите медиуми природен јазик им е комуникација помеѓу луѓето со помош на различни технологии. ( стр.2)
            Во Античка Грција сме слушувале за говорите на Сократ, Платон и Аристотел, големите мислитети на човештвото. Говорот е медиум во себе и е неменлива категорија иако во современиот свет имаме различни форми на медиуми.
            Во делото Разбирање на медиумите, Маршал Мц Лухан (2008), медиумите ги дели на ладни и топли:
Топли медиуми како на пример радио и ладни медиуми како телефонот, или топли медиуми како е филм и ладни како што е телевизијата се разликуваат една од друга врз основни начела. Топли медиуми се тие што даваат едно сетило во високата дефиниција. Висока дециниција е чистењето на податоци. Фотографијата визуелно е високо дефинирана. Стрип е ниско дефиниран, едноставно затоа што дава многу малку визуелни податоци. Телефон е ладен медиум, односно медиум со ниско дефиниција, додека преку увото се добива  мал број податоци. И говорот е ладем медиум, ниско дефиниран, затоа што со него толку малку информации се даваат, а толку многу треба тој што ги примаа информациите да пополнува.
Исто така, топлите медиуми не и оставаат многу на публиката за да пополнуваат или довршуваат. Тие, според ова играат со судбината на публиката, додека ладните медиуми ја оставаат публиката сами на себе да делуваат и пополнуват. Според ова, природно е што топлите медиуми, како на пример радиото делува и кај корисниците од ладните медиуми, како што е на пример телефонот. ( стр.25)
            Секоја карактеристика на ладни и топли медиуми се поврзуваа со информациите што ги примаат корисниците, дали тие се судбоносни, неделиви или треба да се пополнуваат.
            Со каналите на комуникација во медиумите, може да се злоупотребуваат термините ладни и топли медиуми. Корисникот се става во еден лабиринт да нема можност на избор  и да добива информации што се приредувани на фин начин, но се штетни и невистинити.

2. Традиционалните медиуми vs. модерните медиуми
   Во дипломската теза Присуството на медиумите во интернет, Ана Ѓаковиќ ( 2005), студент, пишува и ги одредува медиумите и според начинот на пренос на информации:
Франсис Бал ги дефинира медиумите како техничка опрема која што овозможува комуникација помеѓу луѓето и пренос на мисли во било каква форма и негова крајна цел. ( стр.4)
            Трансоформацијата на медиумите од традиционално во модерни медиуми може да се погледне од нивната улога и поделба во сферите и преносот на информациите. Медиумите секогаш треба да бидат во тренд со времето бидејќи можаат засекогаш да се збогуваат со нивната дејност.
            Во делото Медиуми- Медиумска писменост, медиумска содржина и медиумско влијание, Нада Зграблјиќ Ротар (2005), пишува за тоа дека терминот медиум е проширен:
Термниот медиум е проширен од терминот медиуми на масовна комуникација. Тој може да се дефинира во неколку форми и со неколку значења. Различно се интерпретира без разлика на подрачјето на општественото делување. Во комуникациските знаења медиумот во основа е техничко или физичко средство на претворање на порaкаt и сигнал кој што може да оди преку каналот.
Медиумите не се ниту штетни ниту корисни, а можаат да бидат и штетни и корисни. Иако јавноста се занимава повеќе со штетната страна на медиумите, промовирањето на насилството, порнографиските стереотипи, сензационализмот, медиумот може да биде и корисен извор за забава и информација. ( стр.3)

            Во магистерската теза Комбинација на традиционалните и новите медиуми и влијанието во креирањето на нови комуникациска стратегија со потрошувачи, Јелена Петровиќ Звекич (2014) пишува за шест разлики помеѓу традиционалните и новите медиуми:

А) Новите медиуми се аналогни медиуми конвертирани во дигитална форма. За разлика од аналогни медиуми кои што се континуални, дигиталните кодирани медиуми се дискретни;
Б) Дигитални медиуми имаат ист дигитален код. Тоа подразбира дека различни типови на медиуми можаат да се прикажуваат со помош на една алатка која што претставува мултимедиална алатка за прикажување;
Ц) Новите медиуми дозволуваат лесен пристап до сите податоци. За разлика од филмската или видео лентата каде што податоците се редат, компјутерскиот уред овозможува складирање на податоците и пристап на било кој елемент со иста брзина;
Д) Дигитализацијата подразбира неизбежан губиток на информации. За разлика од аналогните, дигитални кодирани содржини имаат фиксна количина на информации;
Е) За разлика од аналогните медиуми каде што секоја копија губи на квалитет, дигиталните кодирани медиуми може да се копираат во безброј копии без губење на квалитетот;
Ф) Новите медиуми се интерактивни. За разлика од традиционалните медиуми каде што редоследот на прикажување бил фиксиран, корисникот сега може да биде интерактивен со медиумот. На процесот на интеракција, корисникот може да избере кои елементи да ги прикаже или кој пат да избере за да креира едно дело. ( стр.43)

            Традиционалните медиуми мора да се трансформираат и да се прилагодуваат со модерните медиуми. Технолошки гледано традиционалните медиуми ја изгубија битката со новите медиуми. Но и во другите сфери на делувањето, во модерните медиуми пристапот до информации и креирањето на информациите е многу полесен отколку во традиционалните медиуми.
Преку медиумите се даваат различни пораки. Во традиционалните медиуми пораките остануваат исти, не можаат да се менуваат. Додека карактеристика на новите медиуми е и тоа дека пораките што се даваат преку медиумите можаат со леснотија да се менуваат брзо.

           


3. Дигитализацијата на медиумите
            Дигитализацијата на медиумите може да се рече дека има тенденција да и стави крај на печатените медиуми. Таа го смени и секојдневниот живот на корисникот на медиумите, а внесе доста промени и во протокот на информациите.
            Со дигитализацијата на медиумите излегуваа на површина многу проблеми и феномени кои што не беа дел од човечкиот живот.
            Во статијата Ефекти на дигитализација на медиумите, Д-р. Мимо Драшкович, Ивана Воротович (2011) објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9  дигитализацијата се дефинира како предводник на аналогните податоци:
Дигитализација може да се дефинира како предводник на континуирани или аналогни податоци во негова нумеричка репрезентација. Јасно е дека со дигитализацијата сите информации се предводени во електронска форма во виртуелната сфера. Според ова можеме да кажуваме дека дигитализацијата го креира тоа што во литературата го нарекуваме нови медиуми. ( стр.92)
Во ова сфера многу лесно може да се развива интераkтивност помеѓу медиумот и публиката.
            Во статијата Конвергeнција и дигитализацијата на медиумите, новите улоги на публиката и медиумите, др. Ана Мартинол (2011) објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9 зборот конвергенција го дефинира како дел од дигитализацијата на медиумите:
Зборот конвергација може да ја освојува научната литература и секојдневиот говор, но извесно е дека секојдневниот живот е окупиран и многу се ретки тие што не се дел од револуцијата која што креира медиумска конвергација. Николас Негропонте во 1979 година го популаризирал овој концепт во конвергенција кога кажувал дека сите комуникациски технологии се поврзуваат со заедничката метамофроза која што може да се разбере правилно само ако се третира како едно прашање. ( стр.74)
            Зелко Рутович и Мирко Себич се во иста линија со другите во врска со дигитализацијата на медиумите и нивното влијание во современиот свет.
            Во статијата Дигитална транзиција ( Парадигма на културолошки промени), М-р. Зелкјо Рутович (2011) објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9 пишува:
Дигитализацијата на областа на аудиовизуелните услуги придонесува за спасувањето на материјалите со звук и слика и тие што во иднина ќе биде многу тешко да се најде уред што може да ги прочита. Од друга страна дигитализацијата може да има технолошка, општествена, културна или економска импликација. (стр.101)
    Во книгата Медиумите денес, Џозеф Тјуроу (2009) се опишуваа дигитализацијата како метод на овозмо/ување на дистрибуцијата во повеќе медиуми:
Дигитализацијата на содржината овозможуваа дистрибуцијаа во повеќе медиуми. Според неговата содржина таа се трансформира во повеќе кратна платформа на база на податоци. Тоа значи дека материалот е претворен во бинарен нивоа кој што може да се користи како залих за креирање на материалите во различни медиуми. ( стр.304)

            Со други зборови дигитализацијата и конвергацијата на медиумите го трансформира новиот свет.
            Овој век е век на информациите, тој што ги има прв информациите е многу блиску до освојувањето на теренот. Дигитализацијата и овозможува на сите лесен пристап до информациите и развој на конкуренцијата во медиумите.

4. Истражување на мултимедиалноста во новите медиуми во Македонија
Во подготовка на завршниот есеј во предметот Дигитални медиуми и конвергации истражуваав 6 нови медиуми во Република Македонија.
Истражувањето беше фокусирано на содржината од аспект на присутност на мултимедиалноста во новите медиуми во Република Македонија?
За анализа ги избрав:                                        
Lajmpress.com
Tetova1.mk
Zhurnal.mk
Plusinfo.mk
Kurir.mk
Meta.mk
            Предмет на анализа беше бројот на автентични видеа во овие нови медиуми, популарно познати кај нас како портали. Иако изборот на медиумите во Македонија е голем, сепак јас ги избрав овие шест, видејќи се од нивното влијание врз публиката, нивната следеност од страна на граѓаните, структурата на публиката на која и се обраќаат и земајќи ги предвид општествените аспекти односно јазикот на кои пренесуваат информации.
            Истражувањето го реализирав од 07.03.2017 год до 14.03.2017 година со исклучок на 12.03.2017 година бидејќи беше недела.

Lajmpress.com
Zhurnal.mk
Tetova1.mk
Plusinfo.mk
Meta.mk
Kurir.mk
07.03
0
0
0
0
0
11
08.03
0
0
0
0
0
16
09.03
0
0
0
0
0
11
10.03
1
0
1
0
0
13
11.03
0
0
0
0
1
3
13.03
0
0
0
0
0
11
14.03
0
0
0
0
0
6
Тотал
1
0
1
0
1
71
                                                            
            Треба да се појаснува дека овие нови медиуми пренесуваа мултимедиски прозиводи секој ден, но тие видеа беа преземени од другите медиуми, како на пример од телевизиските дебати.
Lajmpress.com: Овој медиум го издава и весникот Лајм, и се смета за проопозициски медиум. Се наоѓа на 274 место на ранглистата на Република Македонија според последните податоци на Симиларвеб.
            Лајмпресс во последното време во сферата на новите медиуми направи еден огромен чекор со студиото, во која реализира различни интервјуа и дебати. Нив ги објавува во lajm.tv
            Во нивното секојдневно работење може да се видаат различни видеа од различни телевизиски дебати, но немаат развиено нивно продуцирање и со примена на мултимедијалноста.
            Zhurnal.mk: Овој медиум се смета како близок на албанската партија во власт- ДУИ. Пред неколку години преземаше неколку чекори за да ја развие мултимедијалноста, со опремување на едно студио, но тој пројект пропадна.
            Според последните податоци од Симиларвеб овој медиум моментално е на 529 место во ранглистата на новите медиуми во Република Македонија.
            Секој ден во овој медиум може да се видат различни видеа, преземени од традиционалните медиумите.
Tetova1.mk: Овој медиум се смета како неутрален медиум и продуцира и пренесува информации на албански јазик.
Секој ден во овој медиум може да се видат различни видеа, но преземени од други медиуми.
Plusinfo.mk: Плусинфо се смета како еден влијателен нов медиум што ја подржува опозицијата. Но и покрај големите новинарски капацитети и фактот дека е многу кликуван  нема развиено мултимедиалност. Според последните податоци од Симиларвеб овој медиум моментално е на 37 место во ранглистата на медиумите во Република Македонија.
Meta.mk: Е еден сериозен медиум кој што има неутрален пристап. Во овој медиум може да се следат и радиовести како новост што во новите медиуми во Република Македонија е реткост.
            Овој медиум пренесува вести на албански и на англиски јазик. Мултимедијалноста и на овој медиум и е слаба страна. Според последните податоци од Симиларвеб овој медиум моментално е на 452 место.
            Kurir.mk: Овој медиум се смета како близок со партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за доста развиен медиум од аспект на развојот и имплементирањето на мултимедијалноста. Има една голема екипа која што работи и во продукција на видео вести кои што ги објавуват во makedonija24.mk
            Според последните податоци од Симиларвеб овој медиум моментално е на 26 место.








Заклучок
            Има многу фактори кои што не дозволуваат да се имплементира мултимедијалноста со сите нејзини предности во онлајн медиумите во Република Македонија. Една од клучните фактори е недостатокот на економски средства кои што би се користеле од страна на овој вид на медиуми, се со це да бидат по модерни и да имаат по професионален пристап и да бидат во функција на јавниот интерес.
            Македонија има развиено една голема конкуренција на онлајн медиумите на албански и македонски јазик. Последните трендови се позитивни во насока на применувањето н развивањето на новите техники и идеи.
            Големата моќ на онлајн медиумите може да се пренасочува во негативни влијанија. Во последните години сме прочитале различни информации за злоупотребата на онлајн медиумите во Република Македонија од страната на политиката.
            Политиката во различни форми се обидува да има влијание врз овие моќни алатки кои што можаат да бидат многу опасни.
            Но тоа влијание може да се намалува со либерализацијата на трговијата и ставањето во функција на мултимедијалноста. На ваков начин новитежонлајн медиуми ќе бидаат независни од политичките влијанија.












Користена литература:
1. Zoran Bojkovic i Dragoljub Martinovic (2011), OSNOVE MULTIMEDIJALNIH TEHNOLOGIJA, Beograd
2. Siniša Medved (2015), Pretpostavke za razvoj primarnog medijskog obrazovanja u Hrvatskoj, Varaždin
3. Marshall McLuhan (2008), RAZUMIJEVANJE MEDIJA, Zagreb
4. Жарко Паиќ (2013), Визуелни комуникации , Готен, Скопје
5. Dzozef Tjurou (2009), Mediji danas- Uvod u masovne komunikacije,Clio, Beograd      
6. Gaković Ana (2005), PRISUSTVO MEDIJA NA INTERNETU, Beograd
7. Nada Zgrabljić Rotar (2005) Medijska pismenost i civilno društvo, Sarajevo
8. Јелена Петровиќ Звекич(2014), Комбинација на традиционалните и новите медиуми и неговото влијание во креирањето на нови комуникациска стратегија со потрошувачи, Београд
9. Д-р Ристо Христов, Д-р Сашо Гелев, Јелена Горѓев, Мартин Милосвлјев-Апостоловски , Мултимедија, хипермедија, мобилни уреди, маркетингот,  пристапено во http://eprints.ugd.edu.mk/7517/1/%D0%9C%D0%A3%D0%9B%D0%A2%D0%98%D0%9C%D0%95%D0%94%D0%98%D0%88%D0%90%20%D0%A5%D0%98%D0%9F%D0%95%D0%A0%D0%9C%D0%95%D0%94%D0%98%D0%88%D0%90%20%D0%9C%D0%9E%D0%91%D0%98%D0%9B%D0%9D%D0%98%20%D0%A3%D0%A0%D0%95%D0%94%D0%98%20%D0%9C%25
10. Мимо Драшкович, Ивана Воротович (2011), Ефекти на дигитализација на медиумите, објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9, Подгорица 
11. Ана Мартинол (2011), Конверганција и дигитализацијата на медиумите, новите улоги на публиката и медиумите,  објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9, Подгорица 
12.  Јелена Зуцич и Милица Ковацевиц (2011), Влијанието на дигиталниот развој на новите медиуми на одлуките на потрошувачите, објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9, Подгорица
13. Зелкјо Рутович (2011) Дигитална транзиција ( Парадигма на културолошки промени), објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9, Подгорица
14. Мирко Себич (2011), Китлеровата културална математика и дигитализацијата на медиумите, објавувано во Медијски Дијалози, Година IV, Број 9,Подгорица
17. https://fmk11808.wordpress.com/2008/11/28/sta-je-medij/





No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...