Monday, March 20, 2017

Кафулињата близу средните училишта се штетни за учениците

Хамди Нухију
Пророкот Мухамед с.а.в.с каже:” Ако немаш срам, прави што сакаш”.  Две битни елементи треба да се имат предвид:
1. Основното начело за едукација пред да добиваш знаење и
2. Основното начело за чист профит имајќи предвид општествената одговорност.

Секој од нас ја знае реалноста во неговата средина каде што многу блиску основните и средните училишта вријат кафулињата и како да им нема на нив крај. Ако некоје подолго време нема да поминуваш во овие средини ќе се чудиш со новите кафулиња и третманот на клиентот што тие им го прават.
И се знае во кафулињата се пушта гласна музика за да привлекуват нови клиенти, се употребува алкоол и во ретки случаеви и лесни дроги.
Дали може да се следи настава во услови на бурни кафулиња?
Пред неколку години Македонија се шокираше од реакцијата на група родители кои што тврдат дека на нивните деца им се послужуваше алкоол.Група родители чии деца учат во Основното училиште „Коле Неделковски“ бараат да се дислоцира гостилницата „Илинден“ што се наоѓа веднаш до училишниот двор. Тврдат дека во неа им се точи алкохол на малолетни деца и сметаат дека за младата генерација е непримерно да постои кафеана близу училиштен двор. Родителите се револтирани од фактот дека некој од надлежните се дрзнал да издаде дозвола за работа на еден ваков објект близу основно училиште.
И покрај ваквите тврдења ништо не се смени во насока на општата едукација и применувањето на етичките стандарди и норми од сите страни.
Движењето Беса пак зборувајќи за тешките услови на учениците албанци во три средни училишта, економско, техничко и медицинско во Куманово, велат дека тие заради тешките услови физичкото воспитување можат да го реализираат само во кафулиња.
“Учениците на овој пренатрупан објект, во недостаток на спортска сала, часовите по физичко воспитување ги следат на зелениот пазар, кој се наоѓа спроти објектот, дури почесто и по кафулиња. “,тврдат од Движењето Беса.
Средношколците македонци од гимназијата во Тетово влегува во штрајк заради тешките услови за учење. Тие не сакаат и не можат да учат во средини каде што главниот збор го имаат кафулињата.
Средношкоците беа распоредени во шест импровизирани класови на отворено. Внимателно ги слушаа професорите, но бучавата од автомобилите, околните кафулиња, детските количиња на батерии,  им го одземаа вниманието. Велат дека е тешко се следи настава во вакви услови.
Според последните податоци и истражувања, градот Тетово е рекордер во Македонија по бројот на кафулиња. Најголемиот дел од тие се наоѓаат близу основните и средните училишта што според родителите овие се загрижувачки податоци.
Kога тинејџерите излегуваат доцна ноќе и се прибираат дома во раните утрински часови, јасно е дека како последица на таквиот биоритам прва страда редовноста на училиште. Се пропуштаат не само првите часови наутро, туку и последните. Професорите посочуваат дека многу често некој ученик е на училиште до петтиот час и потоа без око да му трепне решава да си замине и понекогаш да седне на кафе во некое кафуле и карши училиштето, без оглед што дента имал обврска да биде присутен на уште еден или два часа.
Kафулиња, киосци, колонијали, приватни школи за пилатес, аеробик, за странски јазици... Училиштата си најдоа нов начин за заработка - издавајќи под закуп простории за овие намени. Речиси и да не постои училиште во Скопје, но и во другите градови, што не издава сали, училници, помошни простории, кабинети.
Kоментарите во врска со овој с` поразвиен бизнис на училиштата се главно позитивни бидејќи наоѓаат начин дополнително да заработат, но родителите прашуваат каде се вложуваат тие пари. Тие реагираат и на несоодветните локали што се отвораат во училиштата.
Заклучок
Моралот е имплементација на етичките норми и кодекси. Ако во други случави кафулињата можат да се интерпретират како општествено добро на развитокот на човештвото, кога сме кај средните и основите училишта работите се разликуваат.
Иако од Министерство за образование и наука се превземени многу чекори за реформи и промени во образованието, за жал ништо не е преземено во врска со овој феномен.
Според светските рангирања на квалитативното образование, Македонија се наоѓа на дното од листата на земјите со нај неразвиено систем за образование. Зачудувачко е тоа што многу пари од буџетот кои што се предвидени за реклами и кампањи на сферата на образованието не ни дава никаков плод.
Последното несогласување и не признавање на дипломите од Република Турција и нивното објаснување дека ова се прави заради уназадувањето на образованието во Република Македонија е уште еден показател.
Подпреседателот на Исламската Заједница на Албанија, Газменд Ага вели дека еден човек не може да биде морален и сакан само во семејството, без притоа да рефлектира и надвор од семејството :Еден човек не може да биде добар и морален само во фамилијата ако не е добар и морален и во општеството. Еден едуциран човек, почитуван и сакан во семество таков треба да биде и надвор, во општеството, со другите, или ако не е таков со другите тогаш е дволичен”.
Според познатото правило човекот се вградува во годините во училиште, во спортски активности и здружувањето со друштво. Околината има големо влијание кај него и неговиот персоналитет и карактер. Ако околината и дава можност за здраво унапредување во животот тогаш и општеството ќе има позитивни резултати од тој тренд.
Инаку ако се навратиме директно на темата , кафулињата близу училиштата можат да предизвикат:
1. Здружување  на децата со лошо друштво,
2. Уназадување во образовниот процес,
3. Децата можат да почнат да пушат цигари и дрога,
4. Децата можат да конзумираат алкоол ,
5. Девојките и дечињата во рани години можат да станат родители што произведува лошо општество,
6. Децата излегуваат од дома доцна и се враќаат во раните часови.
Надлежните органи треба да ги земаат предвид сите овие можни девијаци на децата што се предизвикуваат како резултат на блискоста на кафулињата во нивните училишта.





No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...