Tuesday, March 21, 2017

Филантропијата во Македонија во кризни ситуации

Хамди Нухију

Филантропија (старогрчки: φιλανθρωπία) е подготвеност да му се помогне на својот ближен. И покрај тоа што порано било верска норма и доблест, сега под поимот филантропија се подразбира активен напор да се промовира благосостојбата на човекот.

Од друга страна со Филантропизам подразбираме еден вид на просветлување, која се појави во Германија во средината на XVIII век под влијание на Русо. Со филантропизам се мисли на образовниот процес врз основа на принципите на човековата еднаквост и браство-компанијата ( филантроп) сака систематски да им помогне на луѓето за да ги развијат своите вештини во хармонија со природата, да се постигне среќен живот. Тие се вклучени во одгледувањето на децата и едукација на луѓето.
Секогаш има потреба од филантропија. Човекот не може да живе и да се развие сам. Има потреба од другиот. Ова потреба излегува на површина во кризни ситуации.
Филантропијата треба да биде определна на човекот на сите фази на животот, не само на кризни ситуации.
Во Република Македонија последните три години имаше три хуманитарни кризи големи, и неколку помали: хуманитарната криза во населбата Тоде Мендол, Куманово, хуманитарната криза со емигрантите од Сирија и Блискиот Исток, и хуманитарната криза во Скопскиот регион по катастрофалните поплави.
Елементот на филантропијата подобро може да излегува на виделина во овие три кризни ситуации.

Каков ефект креира филантропијата?

Индивидуалната филантопија како несебично давање за други може за возврат да произведува задоволство због тога што на другиот и е правено нешто добро. Филантропијата и дава прилика на индивидот да направи промени.

1. Хуманитарната криза по немилите настани во Тоде Мендол-Куманово

На 9 и 10 мај 2015 година во Тоде Мендол Куманово се војуваше. Македонската полиција војуваше со една паравојена формација. Од двете страни имаше жртви. За среќа немаше жртви од цивилите но имаше голема материјална штета во едно густо населено место. Како резултат на ова се случуваше хуманитарна криза. Филантропијата на луѓето без разлика на вера и националност се покажа помоќна од оружјето на македонската полиција и паравојената формација.
Општина Куманово донираше две милиони денари за граѓаните кои претрпеа материални штети од немилите настани. Центар за Солидарност и Унапредување-Куманово со неговата мрежа ширум Европа прибираше донации и ги предаваше кај семејствата погодени од ова хуманитарна криза. Општина Липково и помогаше на луѓето погодени од ова хуманитарна криза. Исламската Верска Заедница и помагаше на погодените семејства од ова хуманитарна криза. И многу други донации кои што доаѓа од надвор и внатре државата, од индивиди, групации, општини, спортски здруженија, религиозни здруженија, политички парти и други. Филантропијата на луѓето беше на прво место.  И на крај и Владата на Република Македонија ги компензираше штетите направени во Тоде Мендол.

2. Хуманитарната криза со емигрантите од Сирија и Блискиот Исток

Република Македонија е дел од рутата на емигрантите кои што побегнуваат од Сирија и Блискиот Исток заради војна и сиромаштија. Крајната цел на овие немоштени лица е Западна Европа.
Македонија го немаше регулирано статусот за емигранти и избеглици и како резултат на ова многу емигранти патува со километри на нозе и беа малтретирани од разни луѓе и групации.
Политичкиот аналист, Суад Мисини на 14.06.2015 година се стави во штрајк за да врши притисок врз Владата на Република Македонија за овој неправден статус. Владата на Република Македонија на 15.06.2015 година го менува законот за илегалните емигранти и на нив и овозможува да престојуват, патуват и да се помогнат без да бидат пречени од државните институции.
Како резултат на ова се овозможуваше да и се помогне на емигрантите во двете кампови во Табановце и Гевгелија. И овој пат филантропијата го имаше главниот збор. Здружението Легис од првиот ден на кризата беше активна и во теренот секој ден поделеше хуманитарна помош.
Црвен Крст на Република Македонија исто така е дел со различни акции и помош од секојдневниот живот на емигрантите во двете кампови. Исламската Верска Заедница од првиот ден на применувањето на новиот закон беше со емигрантите во Табановце и Гевгелија со различни форми на помош. Бизнесменот Бејтула Јакупи од Гостивар реализираше 36 различни акции со мотото Гостивар за сириските емигранти”. И многу други акции од различни делови на Македонија, групации, индивиди, здруженија и така натаму.

3. Хуманитарната криза после поплавите во Скопскиот регион

На 6 август 2017 во Скопскиот Регион имаше поплави од излегувањето од коритото на Смилковското Езеро. Како резултат на ова 21 луѓе од Скопскиот Регион, од различна национална и верска припадност го загубија животот. И многу куќи, зидови, улици, религиозни објекти, возила и друго се оштетени. Ова хуманитарна криза го потресе целиот Балкан. И овој пат на дело се виде филантропијата на луѓето со различна вера, нација и раса.
Центар за солидарност и унапредување-Куманово секој ден беше во Скопскиот Регион каде што и помагаше на луѓето со прехрабрени производи, вода, дрво и најразлични форми.
Црвен Крст на Република Македонија собира околу 1 милион евро за жртвите во Скопскиот Регион.
Исламската Верска Заедница преку неговото Хуманитарно  Здружение Хилал беше секој ден со семејствата од Скопскиот Регион погодени од поплавите на 6 август.
Исламската Верска Заедница на Косово собираше 145,961 евра за погодените семејства од поплавите во Скопскиот Регион.
Исламската Верска Заедница на Албанија собираше 20.000 долари за погодените семејства од поплавите во Скопскиот Регион.
Владата на Република Македонија ги компензира оштетите од поплавите во Скопскиот Регион.
И многу држави се солидаризира со Република Македонија во ова хуманитарна криза. Најактивна и во теренот беше Република Турција и Република Србија кои што и помогна на семејствата да ги исчистат куќата, дворовите и улиците.

Заклучок

Во последните години во Република Македонија имаше и други катастрофи како на пример поплавите во Тетовско, големиот земјотрес што го тресеше цела Македонија и други. Но најголеми беа тие три хуманитарни катастрофи.
Филантропијата беше акцентот и алатката што ги движеше луѓето, државите, здруженијата и друго. Тоа се изразуваше во овие моменти. Но дали филантропијата треба да важи само кога гледаме хуманитарна криза? Или човекот секогаш треба да става негов акцент на филантропијата?
За жал може да констатираме дека луѓето се солидаризират со другите само кога на нив и се случува едно голема криза. Иако секогаш има исклучоци.
Пророкот Мухамед с.а.в.с. вели: “Раката што дава секогаш е подобра од раката што зема”.
Нека бидеме луѓе што даваме а не што земаме. Вака подобро ќе живееме за себе и ќе бидеме вредни и за другите.



No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...