Tuesday, June 27, 2017

Фото Есеј:Еден ден после трагичните настани во Куманово во 2015 година


Хамди Нухију

Девети и десети мај 2015 година беше кобен за сите кумановчани, особено за нас граѓаните на населба Тоде Мендол. Без да знаеме ништо од никој, среде зора сите се будевме од пукотници и полициската акција на МВР.

Македонската полиција која што војуваше со една група од Косово не штедеше на ниедно тешко оружје. Светот се шокираше од случувањата во Куманово каде што сите знаеја се, освен граѓаните во Куманово кои што не знаеја ништо што се случуваше со нив и околу нив. Сите се плашеа од ескалација на ситуацијата и ширењето на ова граѓанска војна.
Од тие случувања на 9 и 10 мај 2015 година помина две години, но уште никој од кумановчани не знае точно да кажува што се случуваше таму. Таа две дневна војна заврши со убиени полицајци од македонската полиција и убиени паравојници од страната на Групата од Косово.
После случувањата во Куманово доаѓа различни медиумски екипи од цел свет, исто така и многу дипломати го посетија местото на настанот. Се организираше и една хуманитарна акција во која што учествува многу здруженија од цел свет и Владата на Република Македонија.
Ако некој се враќа во Куманово после тие настани не може да го најде местото на настанот. Како да некој сака да изгуби трага од еден срам на XXI век.
За потребите од овој Фото Есеј во предметот Мултимедиа и Социални медиуми од приватната колекција на мојот брат Баки Укшини собирав неколку слики еден ден после 9 и 10 мај 2015 година. Надевајќи дека 9 и 10 мај 2015 година никогаш и на никој нема да му се случи, ве оставам во дружба на сликите и мемоарите од тој срамен чин.
































































































No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...