Tuesday, July 4, 2017

Видео Есеј: Еден ден после трагичните настани во Куманово во 2015 година

Хамди Нухију

Девети и десети мај 2015 година беше кобен за сите кумановчани, особено за нас граѓаните на населба Тоде Мендол. Без да знаеме ништо од никој, среде зора сите се будевме од пукотници и полициската акција на МВР.

Македонската полиција која што војуваше со една група од Косово не штедеше на ниедно тешко оружје. Светот се шокираше од случувањата во Куманово каде што сите знаеја се, освен граѓаните во Куманово кои што не знаеја ништо што се случуваше со нив и околу нив. Сите се плашеа од ескалација на ситуацијата и ширењето на ова граѓанска војна.

Ако некој се враќа во Куманово после тие настани не може да го најде местото на настанот. Како да некој сака да изгуби трага од еден срам на XXI век.

За потребите на овој Видео Есеј изјави дадоа Арсим Јонузи, професор по англиски јазик, граѓанин на населба Тоде Мендол и Баки Укшини, претседател на ЦСУ, исто така граѓанин на населбата Тоде Мендол Куманово.
Овој Видео Есеј се реализира во рамките на предметот Мултимедиа и Социални Медиуми во Институтот за Комуникациски Студии Скопје.




No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...