Saturday, October 21, 2017

Фудбалските натпревари во Македонија со говор на омраза !!

Хамди Нухију
Спортскиот идентитет е склоп на различни идентитети што се поврзуваат помеѓу себе и преставуват еден вид на сепство. Тој спаѓа во групата на групните идентитети каде што една група од различни вери и националности се поврзуваа помеѓу себе околу еден спортски клуб во било која дициплина.

Во Република Македонија, фудбалот е многу популарен спорт кој што има многу следбеници од сите категори од општеството. Кога има спорстки настани особено кога играат големите европски екипи, во Македонија се слави. Особено привлекуваа внимание кога нашата репрезентација игра со другите репрезентации.
Република Македонија после Рамковниот Договор  се дефинира како држава со мултиетничко општество. ( Цветанова, 2007)
Како мултиетничка држава помеѓи македонците, албанците, турците, ромите, власите, босанците и другите, во Македонија постојат различни групи од културата, спортот и политиката. Сите нации и националности се групирани и организирани различно. Но заради настаните во 2001 година, каде што во Република Македонија имаше еден воен конфликт, омразата помеѓу македонците и албанците секогаш излегува прва во површина. Ова омраза е поистакнато во полето на спорстките настани каде што и од македонците, така и од албанците можеме да најдеме случајеви на потикнувањето на националната омраза.
Пароли и хулиганизам во фудбалските натпревари
“Смрт за шиптари”, “Гасна комора за албанците”,” Клетите шиптари”  и горењето на македонското знаме, се само еден дел на грдото лице што можеме да го најдеме во спорстките настани во Република Македонија.
Порталот Шења објави краток разговор со Бурхан Исмаили, еден од момчињата претепани  од Комитите. Во разговорот тој објаснува дека 20-тина Комити им пришле со зборовите „Смрт за шиптари“, а потоа ги тепале. Освен него тепан бил и негов пријател кој во моментот на разговор бил на снимање во болницата.
Ѕвездан Георгиевски пишуваа за песните што и пејат на омразата. Според него дел од овие песни се претворени во химна за навивачки групи.
Иако бевме во голема дилема (пред се' морална, бидејќи законската и онака не функционира) дали воопшто треба да се објавуваат текстуалните делови на „вдахновените“ музички парчиња на омразата што како свински грип се шират по македонскиот дел од интернет-мрежата, се решивме, токму поради нивната распространетост (некои од овие песни се прифатени како навивачки химни - „Ни на небо, ни на земја за Шиптари место нема“ наголемо ја пеат навивачите на ФК „Тетекс“ од Тетово), а некои се дури и подредени под одредницата „најубави македонски песни“).
Финалето на купот на Македонија одигран на 22 мај 2013 на арената Филип Втори во Скопје беше прекината. Националистичките слогани против албанците, хулиганизмот и обидот за инциденти беше доволен показател за прекинувањето на натпреварот.
На 13 април 2013 година, навивачката група Комити го пречека Јохан Тарчуловски, човекот што беше осудуван од Судот во Хаг заради масакр кон албанците во Луботен. За обичните луѓе не е јасно зошто една навивачка група на еден фудбалски клуб треба да го чека еден осудуван за масакр врз албанците?
Исто така во македонските стадиони каде што играат фудбал различни екипи се пее и една песна МРТОВ ШИПТАР-ДОБАР ШИПТАР.
На јутјуб можеме да прочитаме и да слушаме за тоа како Шверцерите(албанска навивачка група) се тепани како магариња од Комитите. Многу коментари покажуваат за климата на навивачките групи што е присутна на скоро сите спортски натпревари особено на фудбалските натпревари.
Во натпреварот помеѓу Милано од Куманово и Вардар од Скопје одигран на 4 мај 2009 година, имаше инциденти во Арената Филип Втори. Навивачките групи на двете екипи не се однесуваа културно и како резултат на ова интервенираше македонската полиција.
Во натпреварот помеѓу Вардар и Слога одигран на 19.08.2010 имаше инциденти каде што навивачите на Вардар влегува во стадионот и почна да ги тепаат албанските фудбалери на Слога.
Овие инциденти се резултат на говорот на омраза што се потикнуваше од различни песни против албанците. Овие песни и пароли во стадионите го потикна навивачките групи да не се однесуваат како што треба и да им се препуштат на хулиганизмот. И ден денес кога има некој фудбалски натпревар помеѓу една албанска екипа и македонска екипа може да се претпостави со сигурност дека ќе има некој инцидент или девијација.

Законска рамка за хулиганизмот во спортските настани

Со донесувањето на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари се создаде законска рамка во која се  уредуваат прашањата што се однесуваат на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, мерките за нивно спречување заради безбедност на гледачите, натпреварувачите и другите учесници во спортските натпревари, како и обврските на организаторите и овластувањата на надлежните органи за спроведување на тие мерки.
Точка три од овој Закон вели: внесување и истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и пеење на песни или дофрлување на пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини.
Вмешувањето на политиката во спорските настани
Ако ги гледаме реално работите околу националната омраза, ако не се вмешаше политиката во спорстките настани и навивачките групи сликата ќе беше многу поинаква отколку што е сега.
Иако со промената на власта со последните парламентарни избори што се одржаа на 11 декември 2016 година се промени и тензичната клима на мултиетничкиот диверзитет и конфузија.
Сега може да се каже многу јавно дека за СДСМ гласале и голем број на албански гласачи и ова  дава придонес за промена на ориентацијата на официалната политика на Македонија.
Надежда се зголеми кога имаме предвид дека и на локалните избори што треба да се одржуваат на 15 октомври 2017 година, и од ВМРО-ДПМНЕ конечно го променија културолошкиот дискурс и обичниот граѓанин може да види транспаренти од ова партија и на албански јазик.
Еднаш засекогаш спортот треба да биде подржан од политиката во негово развивање а не да се инструмантелизира за политички цели. Иднината на Македонија е во евроатланските структури, и таму нема место за тензични меѓуетнички односи. Во светот државите се горди со тоа што во нивните репрезентации имаат различни националности-професионалци што на некој начин се и нивни амбасадори. Таму нема место за зидови и тампон зона.


No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...