Monday, October 30, 2017

ИСИС против исламската држава


Хамди Нухију
- Вовед
Во рамките на предметот Идентитет, културна разновидност и опшествени прашања имавме мож ност да се запознаеме со различни концепти и групи на идентитет.  Различни идентитети ни го опкружуваат секојдневието во локално, национално и глобално ниво.
Религискиот идентитет е еден од позначајните заради неговата улога, употреба и злоупотреба. Луѓето со различни видувања на светот, за да ги продлабочат различностите , корените ги барат во големите религии како што се Исламот, Христијанството и Јудеизмот. Освен ова, концептот за Другиот се гледа со презир и омраза до екстремистични форми на делување.
Иако поголемиот дел на теоритичарите велат дека историјата, религијата и националниот идентитет се само теорија, сепак во глобалниот свет тие играат голема улога за креирање на нови концепти како што се тероризмот, екстремизмот и неофашизмот.
После распаѓањето на комунизмот, религијата се повеќе зазема улога  во јавната сфера. Арапска пролет и проблемот со емигрантите и дава сосема нова слика на Европа и светот. Несомено во ова слика придонесува и историјата на колонијализмот на европските земји.
Будењето на религиските струи за таргет група ги има младите во провинцијалните но и во урбаните средини среде Европа. Се раѓа и нови злонамерни интерпретации на религиските текстови особено кај исламските религиски струи. Како резултат на ова на површина излегува екстремизмот и тероризмот.
Во многу европски земји но и во светот во последната декада и години имаше многу терористички акти потикнати од злонамерните интерпретации на исламската религија.
Поранешниот премиер на Велика Британија, Давид Камерун во една конференција во Миних, Германија, одржана на 5 февруари 2011 година говореше за тероризмот и исламскиот екстремизам. Камерун направи  разликување помеѓу исламската религија и исламскиот екстремизам.
    Рапо Згури (2016) го цитира поранешниот британски премиер Давид Камерун во Анализа на дискурскот на религискиот екстремизам во медиа:
Ние треба да гледаме во корените на проблемот и треба да сме до крај јасни во врска со потеклото на овие терористички акти- и ова е постоењето на една идеологија насловена исламски екстремизам. Ние треба да сме јасни што подразбираме со тоа и да направиме разлика со Исламот. Исламот е една религија што се следи со посветеност од повеќе од една милијарда луѓе. Исламскиот есктремизам е една политичка идеологија што се следи од мал број луѓе. На крај на краиштата тие и даваат подршка на тероризмот за да го промовираат нивната крајна цел: формирањето на едно исламско царство за да владеат со една интерпретација на Шеријатот. Можеме да најдеме луѓе од ова група што го одбиват насилството, но примаат дел од екстремното видување вклучувајќи и едно непријателско однесување кон демократијата и либералните вредности. Ние треба да сме јасни. Исламскиот екстремизам и Исламот не се исти. ( стр.15)
Интересно е да се анализира излегувањето на површина на ИСИС, Исламската Држава во Ирак и Сирија. Според сите параметри докажани во дело, ИСИС е една екстремистичка организација која што врши терористички акти во населени места. Од нив најмогу патеа муслиманите, исламските верски објекти, историските монументи прогласени од УНЕСКО како светско богатсво.
Има различни информации кои што покажуваат за тоа дека позади ИСИС стои ЦИА и американските разузнавачки служби.
ИСИС не се повикува ниту на ЦИА, ниту на демократските вредности. Таа бара да се имплементира Шеријатот, и во име на Исламот извршуваа различни злосторства.
Од ова гледна точка сакаме да ја анализираме злоупотребата на Исламот од страна на ИСИС, или со други зборови злоупотребата на религискиот идентитет од една екстремистична организација.

                                                                       ( Знамето на ИСИС)


- ИСИС, ИСИЛ или ДАЕШ
ИСИС е една терористичка организација која што има три имиња: ИСИС, ИСИЛ и ДАЕШ. Во светот на медиумите но и од разузнавачките служби на државите што беа таргет на ИСИС, се прави разлика во именување но и во контекст на нивното делување.
ИСИС е кратенка на Исламска Држава на Ирак и Сирија. ИСИЛ е кратенка на Исламска Држава во Ирак и Левант, каде што со Левант се мисли на Велика Сирија. ДАЕШ е исто како ИСИЛ, но во арапски јазик. Според познавачите на проблематиката, ИСИЛ кај англиското говорно подрајче е нешто друго во суштина од ДАЕШ. Со ИСИЛ се помислува на една држава во концептуалното разбирање, но ДАЕШ е органичено само на организација, како што реално е ИСИЛ.
Во Европа и во светот се гради стратегија за поделување на ИСИС од концептот држава за да се направи разлика помеѓу ова терористичка организација со исламската религија. Од неколку светски медиуми намерно се употребува името ИСИС за да не се направи разлика помеѓу ова терористичка организација со Исламот.
   Новинарот Феисал Иршаид (2015) во една статија со наслов ИСИС, ИСИЛ или ДАЕШ? Една организија многу имиња, објавено во ББЦ на 2 декември 2015 година се занимава со имињата на ИСИС:
Група на џихадот што го контролира еден голем дел на територијата на Сирија и Ирак во исто време има различни имиња во медиумите на англиско подрачје.
Кога зборуваме за групата што оперира во Африка, Азија и Блискиот Исток, ОН и САД ги користат акронимите ИСИЛ "Islamic State in Iraq and the Levant".
Групата за себе не го користува таа име од јули 2014 година кога го прогласува калифатот и краткото име го имаат "Islamic State-Исламска Држава" (IS) што ги рефлектира нивните експанзивни амбици.
Сите медиуми освен ББЦ продолжуваа да го користат името ИСИЛ или ИСИС што се базира на преводот од "Islamic State in Iraq and Syria" или "Islamic State in Iraq and al-Sham".
   Новинарката Зеба Кан ( 2016) во една статија насловена Именувај ги ДАЕШ- не ИСИЛ или ИСИС објавувано во СНН на 7 октомври 2016 година, дава аргументи за тоа дека ова терористичка група не треба да се именува ИСИС или ИСИЛ:
Поголемиот дел од американските медији за терористичката група преферират да го употребуваат името ИСИС, Исламска Држава, (поранешниот) преседателот Обама секогаш нив ги именува како ИСИЛ, акроним за Исламска Држава на Ирак и Левант. Термот Левант е историски терм за Голема Сирија што вклучува поголем дел од државите во источниот дел на Медитеранот.
Неколку конзервативци и преферирале на Обама да го користи термот ИСИЛ како стратегија за договор во врска со Сирија. Доналд Трамп тоа го именува како тактика за вознемирувањето на луѓето.
Проблемот е во нивната мотивација за тоа дека термот ИСИЛ е уште валиден за именувањето на “Исламските” терористички акти.
Како треба да ја именува таа група претседателот ( поранешен) Обама? Според единственото нешто што го именува регионот и што се познава во светот нека ги именува: ДАЕШ.
ДАЕШ е акроним на арапски јазик за ИСИЛ. Но ДАЕШ нема исто значење за тие што зборуваат арапски јазик како што има ИСИЛ за тие што зборуваат англиски јазик.
Акронимот ДАЕШ има спротивен ефект од тоа што терористите сакат.
    Новинарката Лизие Деарден(2014) во една статија со наслов Исис против Исламската држава против Исил против Даеш: Што значат различните имиња - и зошто е важно? објавено на 23 септември 2014 година во Индипенден го цитира францускиот дипломат Лаурент Фабиус кој што е против името ИСИС. Во таа насока пишува дека и Француската влада ја има променето името на терористичката група:
Француската влада го промени името на терористичката група велејќи дека другите ја замаруваат линијата помеѓу Исламот, Муслиманите и Исламистите.
Министерот за надворешни работи на Франција, Лаурент Фабиус сугерира до новинарите и медиумите да го земат неговиот пример во врска со тоа дека: Тие се терористичка група и не се држава.
Не ви препорачувам да го употребувате терминот Исламска Држава бидејќи таа е замарена линија помеѓу Исламот, Муслиманите и Исламистите. Арабите ги викат ДАЕШ, па и ние ќе ги викаме ДАЕШ.





- Структура, финанси и терористичко делување
ИСИС како организација е основано во април 2013 година, и во 2014 година го прогласува калифатот во Сирија и Ирак.
    Во една статија со наслов ИСИС опишано во 12 прашања, објавено на 17 февруари, 2015 година кратко се опишува кога е основано и од каде доаѓа ИСИС:
Кога е основано ИСИС? 
Исламската Држава на Ирак и Левант, името на групата пред да се само именува на Исламска Држава ( ИС или ИСИС) е основано во април 2013 година. Пред тоа таа се викаше Ал Каеда во Ирак, име што кажуваше за две нешта: дека е во алијанса со Ал Каеда и за фактот дека оперира само во Ирак.
Од каде доаѓа ИСИС?
Во првите години на 2000 имаше една ирачка поделба на Ал Каеда. Ебу Муса ел Заркави, основач на групата сакаше да формира еден Калифат за да провоцира цивилна војна во Ирак. Исламска Држава почна да војува во Сирија во април 2013 година.
Структурата на ИСИС е поделена со калифот Ебу Бекр ел Багдади кој што има најголема моќ, па после доаѓа неговиот заменик, Ебу Муслим ел Туркмени, гувернаторите, кабинетот и канцеларијата за војна.
Секој член на кабинетот и екипата на Ебу Бекр ел Багдади има посебни обврски и задачи.
Related image
  Во веста со наслов ИСИС пушта бомби со скорпии во селата во Ирак, објавувано на 16 декември 2014 година во Нетпресс, се зборува за лудилото кон цивилното население од страна на ИСИС:
Милитантите од Исламска држава во Ирак лансираат бомби што содржат живи скорпии, како најново терористичко оружје.
Канистрите со овие суштества се фрлаат во градовите и селата, вели британски воен експерт што тукушто се вратил од земјата.
Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен шеф за хемиско и биолошко оружје за британската војска и за НАТО, вели: „Тоа е лудост. ИСИС има импровизирани уреди за нивно лансирање.“
„Тие го промовираат фактот дека го прават тоа и со тоа предизвикуваат паника. Скорпионите се издржливи – дури и ако ги лансирате неколку километри подалеку, кога канистерот ќе се распадне, илјадници скорпии излегуваат и почнуваат да ползат секаде наоколу. Некои скорпии се мошне отровни, но главната работа е создавање страв.“
За лудилото и злочините на ИСИС ќе пишувам малку поопширено во друг дел на есејот.
  Во веста со наслов ИСИС профитира милиони долари месечно само од салони за продавање на автомобили, објавено во Јутарњи на 28,04,2016 година се зборува за тоа колку пари на годишно и месечно ниво заработува ИСИС:
Џихадиската група Исламска Држава профитира милиони долари месечно само од салони за продавање на автомобили и фарми на риба во Ирак, компензирајќи ги на ваков начин изгубите од продажба на нафта.
Експерти проценувале дека ИСИС од нафта и гас од Сирија и Ирак на годишно ниво профитира 2,9 милијарди американски долари.
ИСИС во узурпираните градови ја шантажира цивилното население и локалните бизниси. На ваков начин го земаше под контрола голем дел на бизнисите кои што беа главниот начин на финансирање на војувањето.





- ИСИС-САД и Израел
Има многу факти за тоа дека ИСИС нема ништо заедничко со муслиманите и Исламот. ИСИС е една креатура што го деформира Исламот и што манипулира со младите муслимани во светот но и во Македонија. Знаеме многу добро дека и од Македонија многу млади одеа во боиштата во Ирак и во Сирија каде што некои од нив не се враќа живи.
Основачот на Викиликс, човекот што ги руши сите предрасуди во модерниот свет, Јулиан Асанж вели дека ЦИА е одговорна за тоа што денес е ИСИС.
  Во една статија со наслов ЦИА е основач на ИСИС, вели Јулиан Асанж, објавено во Екпрес на 29.11.2016 се даваат информации во врска со ова:
Основачот на Викиликс, Јулиан Асанж вели дека ЦИА е одговорна за отворањето на патот кон ИСИС. Тој објави повеќе од пола милион доверливи американски документи кои што датираат од 1979 година.
Направени се многу анализи за делувањето на ИСИС, дали таа има нешто заедничко со Исламот и муслиманите. Во едно таква анализа, објавена со наслов ИСИС е производ на САД, објавувано во Адиблогмк на 14 јуни 2015 година се вели дека корените на ИСИС се во 2001 година:
ИСИС е терористичка организација која што долги години е организирана и испланирана од страна на Америка. Може да се каже дека првите корени се далеку во 2001 година после атентатот на близначките кули во Њу Јорк. Америчката идеја и стратегија е да се произведе војска од самите муслимани кои ќе се прошираат низ светот. Со тоа никој сто проценти не може да впери прст за бруталните убиства во Блискиот Исток. Со парите кои ги наплаќаат за заштита на Саудиска Арабија тие одпочнале со регрутирање на муслимани во светот кои организираат војни во Блискиот Исток.
Во медиумите можеме да прочитаме и за тоа дека терористите од ИСИЛ се лечаат во израелските болници. Такви информации можеме да прочитаме и во статијата со наслоб ИСИС= Исраелска Сигурносна Интелегенција, објавено во Политика на 30.09.2014:
Во Израел се опораваат и лечат терористите од ИСИЛ додека Израел директно и помогне на ИСИЛ во Голан каде што како доказ е рушењето на сириската бомба која што како таргет го имаше ИСИС.
Набил Наим, врвен командант на Ал Каеда даде шокантни информации за тоа дека голем дел од главните членови на Ал Каеда но и на ИСИС работеле но и уште работат за ЦИА.
   Тие информации се објавени во статијата со наслов Поранешни командант Ал Каеда: Најголема терористичка организација ИСИС работи за ЦИА на Вебтрибуне на 25.09.2014 година, каде што се цитира Набил Наим:
Набил Наим, основач на Исламска Демократска Џихадиска Партија и поранешен врвен командант на Ал Каеда за ТВ Мајдин каже дека сите главни членови на Ал Каеда, вклучувајќи и ИСИС, работат за ЦИА.
Тоа што сакам да ви кажам е да се направат напори од сите исламски држави, сунити и шиити, да се обединат како да ја растргнат ова група затоа што тоа е една замка на колонијализмот во регионот.
Наим исто така рече дека ИСИС, ИС или ИСИЛ, Исламска Држава е дел од планот на неоконзервативците за да се балканизираат арапите и муслиманите во Блискиот Исток.
 Поранешниот американски генерал, Весли Кларк вели за СНН дека ИСИС е основана со американска помош за уништувањето на Хезболах.
   Овој цитат на Кларк можеме да го прочитаме во статијата со наслов ЗЛО Калифат Како е основана Исламската Држава и која е улогата на САД во основањето на ова чудовиште објавено во Блиц на 15. 11. 2015 година:
Весли Кларк поранешен американски генерал вели за СНН тоа што многу теоритичари кажуваат дека Исламската Држава е основана од САД:
ИСИС е основано благодарение на финансиската и организациската помош од американските сојузници и пријатели кои што имаат за цел да се борат против Хезболах. Ако некој сака да го уништи Хезболах, нема тоа да го направи со регуларна војска, но ќе регрутира религиски фундаменталисти кои што ќе ја завршаат грдата работа.
Овие се само дел од трогателните информации за улогата на САД и Израел во основањето на ова чудовиште. Како резултат на нивното делување голем дел од муслиманите се убиени, се направени огромни материјални штети и политички е одржан во игра Башар ел Есад, претседателот на Сирија, кој што унанимно од сите муслимани во светот е прокламиран како диктатор.




- Злосторства на ИСИС
Злосторставта на ИСИС се едни од причините што кажуваат за тоа дека се работи за една терористичка организација која што нема ништо заедничко со исламските вредности и муслиманите во светот.
Од нивното излегување на површина и до денеска од нив најмногу трпеа штети муслиманите во Ирак и Сирија.
Поголемиот дел од исламските проповедници и научници се против ИСИС и нивното делување.
За различните злосторства на ИСИС можеме да прочитаме различни стати и книги.
  Во Википедија, најголемата онлајн енциклопедија во една статија со наслов Исламска Држава се зборува меѓу другото и за злосторствата на ИСИС:
Припадниците на Исламската Држава убиле неколку стотини воени заробеници и преку 1000 цивили. На подрачјето под своја власт вовеле закони кои вклучуваат смртна казна, мачење и осакатување. Во Исламската Држава исто така се спроведува политика на етничко чистење на малцинското население (курди, асирци, ерменци) како и прогон на верските малцинства (христијани, језиди, шиити). Милитантите на Исламската Држава во своите редови регрутираат и деца, а злосторствата насочени против жените вклучуваат силување и грабнувања. Од страна на овие милитанти се киднапирано окоолу 450-500 жени и девоjки, од кој еден број од нив се претворени во сексуално робје.
Забележано е дека припадниците на Исламската Држава убивале и сунитски муфтии и имами кои одбиле да положат заклетва за верност. Така во јуни 2014 во Мосул се убиени 12 сунитски муфтии и имами.
ИСИС има убиено муфти и имами, но силувањето на жените е еден нивен специјалитет со што се идентификуваат во светот.
  Новинарката Сомини Сенгуптаауг(2017) во една статија со наслов За језидските жени, правда од злосторствата на ИСИС е сеуште ексклузив, објавувано во Њу Јорк Тимес на 17.08.2017 година, зборува за судбината на Надиа Мурад:
Надиа Мурад имала 21 година кога, како што вели, борците на Исламската држава ја киднапирале, ја тепале и ја силувале. Нејзиниот “зло”: е припадник на малцинската заедница Јазиди, кого Исламската држава го смета за неверници. Таа последните две години бара правда за злосторствата од Исламската Држава.
ИСИС поигрува со затворениците и во нивните оружја ставаат камери за да ги видат како ги убијат во мозок.
 Во една вест со наслов Злосторствата на ИСИС ќе се запаметат како најнечовечки во вековите, објавувано во Новината Сот на 05.03.2015 година се зборува за тоа како ИСИС го снима моментот на екзекуција на мозокот:
Во последното време, исламските екстремисти ставија камери во нивните оружја од каде излегува куршумот.
Ова за една причина за да се снима моментот кога мозокот се удира. Екзекутирањето на затворениците е извршено со затворени очи.
  Во една вест со наслов ОН: ИСИС врши масовни воени злосторства, објавувано во Мета на 11.11.2014 година се зборува за еден извештај на ОН каде што се детектирани  различни злосторства:
Џихадистите на Исламска држава се одговорни за злосторства од масовни размери во Сирија, каде вршат терор, обезглавуваат, каменуваат и стрелаат цивили и војници, стои во извештајот на истражителите на Обединетите нации.
Извештајот на ОН се темели на разговори со повеќе од 300 мажи, жени и деца кои побегнале или сè уште живеат во упориштата на ИСИС во североисточна Сирија, вклучувајќи го и градот Алеп.
ИСИС наметнува своја етика, која се темели на радикално толкување на исламскиот закон, а ги спроведува „полицијата за морал“, која наредува камшикување и ампутација „за кривични дела како што се пушење или кражба“, се наведува во извештајот на ОН.
Врз децата се врши притисок да ги кодошат родителите, жените се убиваат поради неодобрен контакт со маж, а христијаните и другите малцинства се принудени да плаќаат даноци или да ја променат верата, тврдат истражителите на ОН.
„Масакрираните тела на мажите често се изложуваат на виделина за да го предупредат локалното население какви последици го чекаат доколку не се потчини на ИСИС“, велат истражителите.
ИСИС им скратува храна и лекови на илјадници луѓе, а своите припадници ги крие меѓу цивили откога коалицијата предводена од САД почна да ги бомбардира нејзините позиции во Ирак и во Сирија.




- Пророкот Мухамед со другите
Пророкот Мухамед е најдобриот пример во историјата на човеството за тоа како треба да се однесуваш кон другиот. Неговата историја е многу богата со примери како тој ги третираше немуслиманите во војна и во мир. Од ваквиот начин на однесување што е многу спротивно на однесувањето на ИСИС, многу луѓе го примеа Исламот.
   Ајни Синани (2006) во книгата Другите за Исламот го цитира Проф. Бернард Луис кој што на ваков начин ја опишува исламската вера:
Исламската вера успеа таму каде што христијанството не успеваше. Таа постигна да проповеда длабоко верување обвиено со верска толеранција, која се изразува кон припадниците на другите религии, како и кон еретиците и неверниците. Постоењето на голем број идејни школи на потлето на објаснувањето и извршувањето на шеријатот е друг аргумент за толеранција и логично исламско оправдување. Од општествена призма, исламската вера секогаш била демократска или, подобро речено, поправедна.(стр.40-41)
   Јасир Красниќи во една статија насловена како Пророкот Мухамед го забрануваше насилството кон поединецот и општеството објавувано во Фол Таш, меѓу другото вели дека целта на Пророкот Мухамед не беше да го реши проблемот со насилство и екстремизам:
Целта на Пророкот Мухамед не беше да го реши проблемот со насилство и екстремизам преку заштита на општеството само одвнатре, но неговата визија беше и вклучување и на другите општества, формирајќи врски помеѓу муслиманите и немуслиманите.
Пророкот Мухамед во најголем број на случаеви бараше мирна алтернатива за да комуницира со спротивставените страни, дури и ако тој бил во воена состојба со нив, тој им рече на воените команданти: "Не убивај стари, мали деца и жени".
  Пророкот Мухамед вели:
Секој што ќе убие немуслиман ( кој не е во војна со муслиманите) нема да го почуствува мирисот на рајот, иако таа се чуе 40 години одење.
  Мухамед Зулфикар Рахмет(2015) во една статија со наслов Како се однесуваше Пророкот Мухамед со луѓето со посебни потреби?, објавено на КБИ-Бујаноц, на 22.03.2015 ни дава неколку примери за тоа како Пророкот Мухамед  се однесуваше со овие лица:
Пророкот Мухамед, луѓево со посебни потреби иа зголемуваше нивната самодоверба, иа отстрануваше тагата и здодневноста.
Тој секогаш ги потсетувал дека Аллах не ги гледа нивните тела и лица, туку Тој ги гледа во нивните срца.
Пророкот Мухамед инсистираше на човековите права и ја отстрани дискриминацијата поради инвалидитетот што постоеше во времето на незнаењето.
  Во една статија насловена Односите на Пророкот со луѓето, објавено на порталот Ислами на 06.02.2013 година, се дават неколку примери како Пророкот Мухамед се однесуваше со немуслиманите:
Нашиот Пророк го вреднуваше поединецот како човек. Еден од најдобрите и најјасните примери е овој: Еден ден кога Пророкот седнуваше со неговите другари, пред нив одеше еден ковчег и Пророкот кога го виде веднаш застана. Тие што седнеа околу него им кажуваа дека овој ковчег не е на муслиман, но е ковчег на еден израелит и затоа не требаше да застане. По нивните зборови, Пророкот Мухамед одговараше вака:” Муслиман не е, но нели е човек?”.

   Ајни Синани (2015) во една статија со наслов Пророкот Мухамед со другите?, објавено на 27.07.2015 дава примери на толеранцијата на Пророкот Мухамед и неговите односи со немуслиманите:
Еден пример на толеранцијата и соживотот е присутен во голема мера во односите на Пророкот Мухамед со христијаните и израелитите.
Пророкот Мухамед ги посетуваше, ги пречекаше со учтивост, и даваше и примаше подароци од нив, ги посетуваше нивните заболени и се однесуваше кон нив на најдобриот начин.
Со тоа, Пророкот Мухамед покажа дека Исламот е далеку од тоа за да им нареди на муслиманите да ги прекинат своите односи со немуслиманските граѓани.
Во овој есеј издвојивме само неколку примери за да се илустрира тоа што е многу видливо во сите негови форми.





- Крај
Во неколку страници од есејот се обидувавме да објаснуваме за тоа дека ИСИС го злоупотребува ИСЛАМОТ за нивните терористички цели. На ваков начин тие направаеја огромна штета на тоа што муслиманите и другите го градеа заеднички со векови. ИСИС не треба да има место на нашето секојдневние и општество. Нивните идеји и идеологија треба да се руши и уништи со заеднички напори на сите нас. Нивните злосторства се еден пример за нарушувањето на човечкиот ум и деформирањето на сите човечки параметри.
-ИСИС е една терористичка организација која што дава лош пример за човеството и соживотот помеѓу луѓето од различни вери и националности.
-ИСИС е една организација која што ги злоупотреби децата, жените и старите за нивните терористички цели.
-ИСИС е лош пример за младите во сите крајеви на светот, кои што се манипулират од една пропагандистичка макинерија.
-ИСИС е грдото лице на политиката и злоупотребата на верата за идеолошки и терористички цели.
-ИСИС е спротивно на светот што се обидуваме да го градиме, свет на лубов и соживот со сите различности во него.
-ИСИС е спротивно на Исламот и неговите вредности градени со векови.
-ИСИС е спротивно на Христијанството и неговите вредности градени со векови.
-ИСИС е спротивно на Јудеизмот и неговите вредности градени со векови.
-ИСИС е спротивно на демократските вредности кои што се применуваат во сите крајеви на светот.
-ИСИС е туѓ за човекот со разум од сите религи во светот, почнувајќи од Исламот.






Користена литература
1. Rrapo Zguri (2016), Analizë e diskursit ekstremist fetar në media, Tiranë, Albanian Media Institute http://www.institutemedia.org/Documents/PDF/Diskursi%20shqip.pdf
2. Ајни Синани (2006) во книгата Другите за Исламот, Скопје, Исламски Младински Форум


No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...