Friday, December 8, 2017

Аналитички есеј на еден текст на професорката Тања Каракамишева-Јовановска

Хамди Нухију

Университетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска  на 16 ноември 2017 година во Курир ја објави својата редовна колумна со наслов “ Промена на идентитет како промена на чорапи”.

Каракамишева во ова колумна ги измешува две тези:
1. Промена на идентитетот на заштитените сведоци со
2. Промена на идентитетот на државата и се што е македонско.
Каракамишева својата колумна ја почнува со зборот КОИНЦИДЕНЦИЈА да доаѓа до еден уличарски говор како Црпко и Биг Мама Јанева: Коинциденција или зацртана точка во стратешкиот ем егзекуциски план против се што се чувствува Македонско, сеедно, мисијата на Црпко заедно со онаа на Биг Мама Јанева е идентична, оди во иста насока.
Со ЦРПКО го подразбира македонскиот премиер Зоран Заев, со Биг Мама Јанева ја подразбира специјалната обвинителка Катица Јанева.
Во овој дел на текстот имаме два логични грешки:
1. Личен напад (Ad Hominem) и
2. Напад на мотивот.
Во личниот напад, со зборовите ЦРПКО и Биг Мама Јанева, Карамамишева персонално ги нападнува премиерот и обвинителката.
Зборовите егзекуциски план против се што се чуствува македонско посочуваат кон напад на мотивот.
Во другиот пасус се употребуваат и:
1. говор на омраза и
2.линчување кон премиерот на Република Македонија.
Зборовите “клетите” што асоциира на клетите шиптари од хулиганите во македонските стадиуми, и шарнатиот предавнички Договор со Бугарија, се говор на омраза и линч: Додека Црпко на сите страни се расфрла со пазарџиските изјави дека промена на нашето државно и вековно име ќе има и дека тој е отворен да ги реши сите спорни точки кои нашиот ни јужен сосед ги проблематизира од памтивек, вклучително и прашањето за идентитетот (кој попатно ни е веќе сардисан со шарнатиот предавнички Договор со Бугарија), неговата десна рака Биг Мама, паралелно со еуфоријата на Црпко, си ја бутка во Влада, а веројатно ќе и пројде и во Собрание, фамозната заштитна мерка „промена на идентитет“ на секого што ќе посака од која било причина да биде сведок против „клетите“ вмровци.
Линчот е во тоа дека се што е македонско треба да се брани против сите предавници. Ако Договорот со Бугарија е предавнички за македонскиот народ, значи според ова, се подразбира дека главниот предавник е Зоран Заев. Говорот на омраза е украдената уличарска и анти-албанска терминологија од хулиганите како на пример зборот клетите.
Професорката Каракамишева во неговиот главен аргумент за промената на законот на заштитените сведоци не ги споменува и опструкциите што се направени од страна на поранешната власт кон заштитените сведоци. И како резултат на тоа, иако целата јавност имаше можност преку таканаречените политички бомби на Зоран Заев да слушне како се трошеле државните пари и како се водел државата, со опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ кон СЈО се блокираа сите институции на системот и не се процесираше ниту еден случај до крај од СЈО: За оние што не се упатени во проблематиката мала дигресија и појаснување.

Во Македонија од 2005 година, значи донесен во времето на владење на СДС, има Закон за заштита на сведоци. „Промената на идентитет“ како заштитна мерка е предвидена и уредена и во Кривичниот законик на РМ. Како вчера се сеќавам кога на една од собраниските седници во 2005 година тогашната министерка за правда од СДС, г-ѓата Мери Младеновска, го фалеше законот дека бил работен со најпознати странски експерти, дека во него биле вградени сите европски стандарди за квалитет. Тогаш пратениците на СДС, а и пошироката стручна јавност не доставија ниту една забелешка на предлог-законот, и истиот беше експресно донесен.

Дванаесет години потоа, откако истиот се практикуваше без никаков проблем и со ниту една забелешка од разно-разните дежурни експерти и странски душегрижници, противуставното, насаденото СЈО во правниот систем на земјата покрена иницијатива за промена на овој закон со намера во него да се внесе еден опасен, еден арбитререн и целосно забеган предлог, заштитната мерка „промена на идентитет“ на сведок да биде можно да се утврди и донесе САМО со одлука на СЈО.
Главниот аргумент може да се опише и како напад кон СДСМ со тоа што ова партија се нарекува СДС, со подразбирање дека не е македонско....
Новите законски решенија за промена на идентитетот на заштитените сведоци и постапката на СЈО во нив се интерпретира како СЈО да било едно постојано тело со постојен мандат, како што се Државното Јавно Обвинителство на Република Македонија.
Авторката во текстот е пристрасна кога го специфицира тоа дека тука веќе не е  само во прашање  раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ: Како што беше и до сега, со таа разлика што сега опасноста се шири кон сите нас. Тука веќе не е само во прашање раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ. Во прашање се, засегнати ќе бидат сите оние што го проблематизираат однесувањето на Црпко и неговата влада во јуришничкиот поход за промена на името, јазикот, идентитетот, и се што значи Македонско.
И во овој пасус имаме еден напад на мотивот на новата влада на Република Македонија, со тоа дека таа сака да го промени: името, јазикот, идентитетот, и се што значи македонско.
Во овој пасус имаме и логичната грешка Сожалување. Во пристрасен начин се сожалува раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ.
Во две последни пасуси имаме три логички грешки:
1.Еквивокација - двосмисленост
2.Од мува - слон аргумент
3.Слаба аналогија – баби и жаби
Зборот идентитет се употребува двосмислено, со промената на идентитетот на законот за заштитените сведоци и промената на идентитетот на државата.
Од мува, закон за промена на идентитетот на заштитените сведоци правиме слон со тоа што ќе се зголеми бројот на иселениците, противниците на овие движења ќе бидат ставени на листата за отстрел и така натаму.
Од почетокот до крајот на текстот се помешуваат баби и жаби со тоа што се пишува двесмислено и за законот за заштита на сведоците и за промена на идентотетот на државата: Походот наречен промена на идентитет мора да се финализира без поговор, без критика. Секој што ќе подаде глава и што ќе се спротивстави со аргументи и со разум ќе биде ставен на листата за отстрел. А за кодошење и фрлање камења по сите оние што ќе се најдат на листата за отстрел ќе се најдат многу „јунаци“. Промената на идентитетот некому ќе му донесе многу пари, некому живот на висока нога, некому живот на Бахами или Флорида, некому сон на јаве.
Промената на идентитетот како моден хит на СЈО може сериозно да го зголеми и бројот на иселени лица од Македонија за кои Рада веќе половина година не покажува никаков интерес. Каква пародија!
Но ако гледаме од другиот агол на настаните, дали навистина толку лесно може да се промени идентитетот на заштитените сведоци со барање на СЈО? Какви последици би имало ова промена ако случајно и СДСМ го злоупотребува правниот систем на Република Македонија? Дали би преминале во еден нов режим?


No comments:

Невработеноста, гревот на жените со мали деца

Хамди Нухију   ВОВЕД   Дваесет и први век! Македонија, земја сред е  Европа којашто ги поврзува Западот со Истокот. Земја во која што се вле...